Нека ни е добредошла новата ластовичка во нашето градинче, да ѝ даде господ здравје и живот и шо ѝ срце сака!“ — заврши Бино, очигледно трогнат, бришејќи си ги солзите со ракавот од шајачното палто.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Раката ти трепери како да сака да ме допре, избриши ми ги солзите и болката ќе сопре.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Бришејќи ѝ ги солзите, цврсто ја гушна шепотејќи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Светлана бришејќи ги солзите со крајот од шамијата, ја гушна својата мезимка и прошепоте.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не, рече бришејќи ги солзите. Не, тој нема да види од ова богатство ни грош.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Жените почнуваа да вртат со бедрата, ги извиваа задниците како мачки во еструс, допирајќи се меѓусебно и истовремено мешајќи си ги солзите.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
„Света, премила мајко,“ рече таа, здржувајќи ги солзите, „те молам, жити светиот син што го држиш во пазуви, фрли еден зрачец врз мене, ќердосај ме со рулче, та и моиве очи еднаш да престанат да солзат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој пречекорил некоку пати натаму, а кога застанал, пак расколебан од својата несигурност, мечката ја подигнала малку главата кон своето малечко до себе, го подушила малку и чиниш му дошепнала нешто притоа, како жена, покажала кон него, малото се свртело кон човекот и како дете, испратено да послуша нешто, дошло до него, завртело неколку пати околу него, со наведнат поглед што моли, а после седнало малку подалечку и го гледало, сосема исто како расплакано дете, дури така и бришејќи си ги солзите од своето лице со големите питоми шепи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А тие, кривејќи, влечејќи се и плачејќи се собира крај џадето и оградата и, бришејќи си ги солзите, викаа: - Добар пат! - Сто кало!"/>
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Покрај мене клечеше моето сестриче и, голтајки си ги солзите, ми рече плачливо: - Брате, Кирче, не плачи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Е-е-е!!! - се разлеваше, а мене во ушите ми одѕвонуваше: Кире-е-е!!!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Попат, додека жена му во дланките стискаше стуткано шамиче додржувајќи ги солзите да не ѝ прокапат, тој се мислеше што ли му се случило на постариот син и не знаеше што да изусти пред жена си на седиштето до него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Воздржувајќи ги солзите, Горда посака да се зафати со нешто и да ѝ помогне на жената околу кујната, но жената сметаше дека тоа е понижувачки за неа (за неа или за Горда?), па Горда остана да седи крснозе, да пуши цигара по цигара и да гледа изгубено во детето, што играјќи си на подот заспа меѓу играчките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Прости, Кејтенов сине, Голема водо, - реков бришејќи си ги солзите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Не, врати ги солзите, мажите не плачат - откако паметам секогаш така ми вели тато. И затоа не можам да плачам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Почувствував дека некој ја подотвори вратата и влезе во собата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Најмалото братче, бришејќи ги солзите, прво запраша: – Чичко, вие нели нема да ги утепате нашите козички?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И поздрав до Капинка и до Здравко и поздрав до Роса, е ај, запри ги солзите, кога сами си капат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)