ги (зам.) - око (имн.)

Тоа утро јас бев присутна во нејзината близина, и бев будна кога, откако сонцето ја пробуди, се сепна во сонот, протрлувајки ги очите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Отварајќи ги очите Трајанка за прв пат се пробуди покрај човекот кој беше нејзина судбина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Инстинктивно чувствував дека тие инсекти се заразни и самите себе си се болест, па клечејќи го држев марамчето врз долниот дел од лицето... го гледав ужасот... се свртев, болна, криејќи си ги очите... но сепак цел ден останував обземена со најлут гнев: нејасен, проникнувачки, со чувство на вина и засраменост.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа пак они Да го грабнат тоа Што го сонив. бессоница Затвори ги очите: Скрбно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Мачно. Отвори ги очите: Мрачно. татковината Бијат камбаните Моето срце Чука.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Вие, - рече учителот кревајќи ги очите од списокот, - ќе останете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во дворот чичко Петре долго му ја стискаше раката бришејќи ги очите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По стопати берете му го гревот — заврши Пере и длабоко воздивна, вртејќи ги очите од Јордана да не му го гледа суратот. — Е, море, ние, ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги собра десетарите и им ја пренесе Дамевата порака, а овие се распоредија понатаму да ги осигурат животите и мирната работа на војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што велиш ти, Петре, која страна да ја фаќаме? — му се обрна Јордан Ацев на чиј реон беа собрани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа добро отворете ги очите да не стане некое предавство, да го запишеме Смилево во црната книга, — заврши Даме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш за прв пат видов дека рефлектирачките очила се хируршки вградени, среброто мазно се креваше од високите јагодици, затворајќи ги очите во нивните дупки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Ох, мори Данче... Воздивнува келнерот, не кревајќи ги очите од нејзините убави нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не помрднувајќи се, не отворајќи ги очите, ја спружи раката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан почесто застануваше, свртувајќи ги очите кон долниот крај на Рамни Ливади од каде што требаше да се појави џипот. Но шумарот се забави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ништо, - рече Бојан, не кревајќи ги очите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па сепак, затвори ги очите, помисли си, со таа скришна мисла исправен тргни, Поету, ти најдобар војник на пролетта, на април, весник, или само бдеалко голем.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Да појде ли и мечето со мене? - молежливо запраша куклата, свртувајќи ги очите кон Месечината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас лежев под дрвото; се чувствував глупаво, непријатно, оти удоволував на туѓа желба. Тој рече: „Затвори ги очите“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но, погледни му ги очите; црвени му се како сулфур во пеколот“, рече таа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Јас се вратив. Простете, учителе! Виновен сум, - прошепнува не кревајќи ги очите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- А ти сврти ги очите, - реков.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Не, не стискај ги очите! - ми вели таа. - Гледај си убаво.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
МИТРЕ: (бришејќи си ги очите). Ашколсум бре, синко, ако биде вака како што велиш, сево село ќе ни завидува. (Го чука по рамото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (не тргнувајќи ги очите од куферчето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се обидувам да се насмеам. – Се сеќаваш ли на Боби, синот на мајорот од соседното маало, оној црниот што само по гаќи издржуваше половина час на снег? – Аха – вели, бришејќи ги очите со надланката: - Што е со него? – Се уби и тој.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа со врвот од јазикот го преземав и го прилепував на непцето, па го размазнував и со неопишлива сласт полека го голтав, држејќи ги очите што подолго затворени зашто така ми се чинеше дека насладата подолго ќе трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вечерта кога татко ми и Вера се повлекоа во спалната, ми се чинеше како уште еднаш повторно да ја загубив мама и неутешно плачев, напрегајќи ги очите во темнината да ја гледам нејзината слика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас се вовлеков, сиреч, во пазувите на татка, сопирајќи го здивот, затворајќи ги очите за да не го здогледам јарето, иако веќе му ја чувствував тучтежината и студенилото во гласот на Арето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа, те молиме, пријателе, ослепи нè, ископај ни ги очите за да не гледаме што уште ќе се случува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Вие, Македонците, морате да се помирите дека не можете да се справите со кризата“, неговиот пријател повторно одмавна со раката, дигајќи ги очите од нотесот, „затоа и НАТО е тука“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ајдее, веќе три пати ти кажав. Престани да бладаш и затвори ги очите. - на Младен ракијата веќе му беше стасала до петици па ’рчејќи го совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не отворајќи ги очите, само се преврте врз неговите гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неби бег, и сам разжален од преселувањето, криејќи ги очите од неа и од децата, постојано повторуваше: Немај грижа, немај грижа, невесто, не оди на војна, оди да учи, господ ќе го чува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И заедно чиниме погледај, погледај нагоре во пилиштата, во небото, па наведни ги очите и загледај се меѓу себе. Како ѕвериња на тесно сретнати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот чади, а ние шмрчкај и бриши ги очите, бриши ги црните таблиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А зошто не го сакала и во гробот, праша Роден Мегленоски, бришејќи си ги очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На три! Покриј ги очите со раката!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Отворајќи ги очите (можеби веќе врескаше) виде дека се раздвоиле. Сега навистина вресна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никому и не му паѓало на памет дека јас би можел да бидам тоа, но веќе ништо не може да се стори: јас сум тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маргарита не ме погледна повторно во прозорецот но тоа токму и го докажува контактот, неговиот таинствен пулс; Ана можеби е срамежлива или едноставно ѝ изгледа бесмислено да го прифати одблесокот на тоа лице кое пак ќе се насмее за Маргарита, а освен тоа важно е да се стигне до Сен-Силпис бидејќи ако до крајот има уште осум станици на линијата Порт д Орлеан, само три се спојуваат со други линии па само доколку Ана се симне на една од тие три станици мене ми останува можноста да се поклопиме; кога возот почна да забавува пред Сен-Силпис погледнав еднаш па уште еднаш во насоката на Маргарита барајќи ги очите кои Ана сè уште меко ги потпираше врз работите од вагонот како да се согласува со тоа Маргарита веќе и да не ме погледне, со тоа дека залудно е пак да се очекува таа повторно да го гледа одблесокот кој ја чека за да ѝ се насмевне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Богдан сè така погледнуваше во лицето од баба му кое како да плачеше, како да ја одбиваше смртта; го лееше дождот тоа нејзино мермерно лице и Богдан држејќи ги очите на него, веруваше дека и во гробот такво ќе остане и нема да се распадне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но таа збрзна да плаче покривајќи ги очите со дланките.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Па ајде гледај, ќораво пиле, отвори ги очите, погледај ене таму, онаму каде што свети како оган, ене...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакам да чекорам по плафонот од твоите мисли. Немој, не затворај ги очите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„Починете си ги очите од солзите, и умот од мислење.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поверува подоцна кога го однесе на гробиштата и кога му го покажа гробот покривајќи ги очите со планките за да не гледа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во последниот миг, таму десно, ја виде потемнетата Ангелина како, криејќи си ги очите, се качува во еден од вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цела ноќ Пелагија пробдеа крај неговата глава не кревајќи ги очите и не шетајќи ги по присутните, а и од присутните никој не ѝ се обрати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Како да се диви жениве... - ќе им речеа војниците на луѓето кога ќе влезеа во дуќанот да купат нешто, гледајќи како жените излегуваат надвор, тргајќи ги очите од нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Дајте почивка“, гласно рече и со мака држејќи ги очите отворени седна под едно дрво.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И гробиштата ли, пак потпрашуваше старата веќе затворајќи ги очите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Постапив според една поука од детството: Ако не сакаш да го видиш ѓаволот затвори ги очите; а ако не сакаш ни да го слушнеш затвори ги и ушите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто го спомнувам токму овде овој дамнешен совет од животниот филм на тетка Боса?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И една поука што си ја спомнувам бидејќи често ја среќавам во гнездата на моите соништа: За да се втаса далеку не треба многу да се оди. Само затвори ги очите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Немам веќе раце“, рече не отворајќи ги очите. 21
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вујко ми, гордоста на семејството, за кој знаевме дека работи за некоја тајна, важна и добро платена служба, едно утро долго ме прегрнуваше. – Каде замина вујко? – ја праша мајка ми. – На пат ... ќе се врати, - одговори криејќи ги очите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Започнаа луѓето од лично полично да ги закопуваат умрените: на секој погреб свиреше музика; кога ќе писнеше таа, кога ќе зајачеше тажно, целото село излегуваше надвор: застануваа луѓето на плотовите, на чардаците, на портите и слушаа, слушаа олцкајќи и бришејќи ги очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Затвори ги очите. (Нове ги затвора очите.) Ќе те турнам одзади со прст.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МИХАЈЛО: Затвори ги очите. Затвори ги. (Евто ги затвора очите) Не гледај во мене. Не проверувај дали те гледам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Да ти покажам. СОЊА: Не сега. БОРИС: Набрзина. Затвори ги очите. СОЊА: Тато уморна сум.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОЖО: Престани, Кристина! Отвори ги очите! ПАРАСКЕВА: Не се сеќава како се отвораа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ослободете го умот, отворете ги очите и ушите, бидете рационални, наслушнувајте...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Заврти се, и уште еднаш, и уште еднаш додека пожарот не престане. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 195 “Џојс? што е?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затвори си ги очите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
” “Ми се скина конецот.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Допри си го образот до каменот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Ти се скина конецот?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Смести се во син бунар и затвори си ги очите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Допри ја другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако ти се врти во глава, испружи си ја раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кажете им на родителите дека ќе мораат да го платат искршеното стакло. и другпат, отворете ги очите четири, да не ви се случи да видите духови, или убијци таму каде што ги нема, - се насмеа таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Господ за арно ја донел- рече Петре Даскалот и трипати се прекрсти превртувајќи ги очите кон таванот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Шипинки ќе беше, - рече Србин подотварајќи ги очите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дремнуваше на мигови отворајќи ги очите да види дека уште никаде не пристигнале.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отвори ги очите — исто гледаш, затвори ги, пак исто... 38.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А ти сврти ги очите, - реков. - Гледај на другата страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Не, не стискај ги очите! - ми вели таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Замижи ги очите! – ѝ реков веднаш штом си дојдов дома од летување. - Сега отвори ги!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во дланката ми блескаше нејзиниот прстен и ми се причини уште поубав одошто кога го гледав на тезгата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)