ги (зам.) - облак (имн.)

Но, ние ќе бараме изговори, ќе успееме дури и да поставиме некој наш човек во Парламентот или во министерствата, ќе ја потсмириме работата, простиот свет ќе се помири со фактите, а ние ќе одиме сè повисоко и повисоко во небото, во величествен прогон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Градбата нема никогаш да заврши, Ајфеловата кула ќе расте, ќе расте кон небото, надвишувајќи ги облаците, бурите, врвовите на Гаурисангар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И погледни ги облацине. Горе нив ги дува ветрот, ги кошка де тука де таму, а тие некаде на друго место се појавуваат, натежнуваат, грмнуваат, пак ги снемува и пак се појавуваат некаде на друго место, некаде над друго поле, над други планини над други шуми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука, гледај, ти таму која седиш на крајот. Остави ги облаците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)