Малку дишење. (Дише.) Склекови. (Прави склекови.) Зглобовите на рацете. (Ги движи рацете.) Зглобовите на нозете. (Ги движи нозете.) Кафе. (Пие кафе.) Бричење. (Се бричи.) Довидување мила. (Ја бацува Кристина во образ.) Одам на работа, ти измети ја куќата, нарани ги мачката, канаринецот и децата, свари ручек, со салата и десерт, ондулирај ја косата, нашминкај се, заплакни се и облечи црни чорапи со појас под свилениот шлафрок за да ти го опнам уште од вратата штом се вратам дома.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ги мачкаше ноктите, неисечени и полни кал. Зедов, ѝ ги исеков.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)