ги (зам.) - коњ (имн.)

— И тука има, и тука! — му викна на Јована и овој, откако сврши работа со гавазот, кај кого најде само две бели меџудии и неколку грошеви, дојде со Андона кај Толета, водејќи ги коњите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Подгответе ги коњите! А карпата да се тргне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Викни ги личните курири на Маркос и веднаш подготви ги коњите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Море какво добро ќерата, дај најпрво одврзи ги коњите! - ја извади острата сабља и му се закани тој првиот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ајде ти по мене, ми вели. Остави ги коњите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Некогаш ги зафаќаше и навреме полковниците, ги заплуснуваше ненадеен дожд; за миг стасуваа далечните облаци кои потпомогнати од некакви високи ветришта што талкаа по небесните височини; ги опсипуваше во трчаница, кусо, но обилно, така што ни дрвјата под кои се засолнуваа, не можеа да ги заштитат; искиснати, им идеше студенило по снагата, морници, и со брзаница слегуваа низ падините кон селото, влечејќи ги коњите за уздите од чии тела избиваше пареа како да поминале низ врела вода.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Низ прозорчето од ќелијата Наќо ѕиркаше во дворот и ги гледаше полковниците каде што се приготвуваа да си заминат товарејќи ги коњите со торбите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие, држејќи ги коњите за уздите гледаа во орото воодушевени од убавата игра и од интересниот звук на зурлите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму негде, во цветната, раскошна земја, пасејќи ги коњите среде бескрајните полиња...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)