ги (зам.) - заб (имн.)

Не сакам никаков удел во човековите истражувања во универзумот! Паранојата почнува да надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поминав половина саат во купатилото миејќи ги забите неколку пати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дочекана од бусија, шумската кралица се лизна по стрмната, трошна земја и падна настрана, клештејќи ги забите во залудното обидување да го фати песот за грло.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Стисни ги забите и стори како што ти реков. Ќе ти помогнам.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стискајќи ги забите, човекот сосила ги запираше солзите на лутината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лежи мирно. Стегни ги забите - и велам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак немам доволно храброст да ја поттикнувам Огнена да продолжи со смеењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пцуејќи го Пенчо отскокна кон стариот форд глупаво покажувајќи ги забите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ралфи нагло воздивна и почна да се смее, покажувајќи ги забите кои не беа баш по стандардот на Кристиан Вајт.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Стегни ги забите Леме и сонувај, рече сѐ така смеејќи се, не можејќи да не се смее и, како секогаш, почна муцката да си ја трие со рацете, да се премислува, да се одделува со мислите, да патува...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стегни ги забите, не туку ѕвекоти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стискајќи ги забите, човекот на сила ги запираше солзите на лутината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)