ги (зам.) - оние (зам.)

Ти пожелувам, не, те молам, да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов, и нему дај му ги своето срце и својата љубов, дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа, откако беше задоволен со чистењето, внимателно почна да ја испитува, фаќајќи одделни делови, поместувајќи ги оние што можеа да се помрднат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Владините војници, прескокнувајќи ги оние кои паѓаат, грабат напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од секој крај може да се направи крај на светот, Силјане затоа описот изопачи го појди отаде покајаните до суштата спротивност види ги оние кои остануваат во штрковиот јазик на штрковиот остров без изгледи за вратка за чинка - исчезнатите. Weltangѕchauung Не отстапувај!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
— Не сме запознати, велат, прашајте ги оние онаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бојан влезе кај овците, набрзина разгледувајќи ги оние што лежеа, барајќи некое ново јагне, иако не го очекуваше, па откако не пронајде новоојагнето, истрча во тремот и ја зграпчи лопатата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)