ги (зам.) - чини (гл.)

Тоа скапо ги чинеше. Најпрвин, по заповед на Портата, мораа да му исплатат обештетување на стопанот на пребеглиците, некојси солунски високодостојник, Турчин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Реалните интереси на светот беа овде да се спречи војната, оти уште една војна на Балканот ќе ги чини многу.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, еден податок што го прочитав во бугарските дневни весници (во скоро сите од 4-ти февруари) ги чини точни моите забелешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Алал ви ги чинам... Само кажете кога ќе се враќате назад...“ „Зошто?“ го прашуваме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од гостите никој ништо не забележуваше. Или ракијата ги чинеше кусогледи или во исчекување молчеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Настојувањето да се денатурализира човековиот идентитет, употребените насилни средства за таа цел ги чинат две големи империи (Отоманската и Ко­му­нис­тичката), кои си личат една на друга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чита некоја книга чијшто наслов Милчо не може да го види затоа што ја држи книгата свиткана во една рака за да може сладоледот да го држи во другата рака, и сè така лижнува: подиставајќи го јазикот и вовлекувајќи го во устата; задлабена во книгата, сè тоа несвесно ги чини; ако ѝ капне сладоледот на раката, таа и раката ја лизнува; ако ѝ капне на голите колена, таа и нив ги лизнува не оставајќи капката да ѝ се разлие.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа сѐ уште го рани од своето тело, а воспаленијата не се постојани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, не ги чини ништо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Причината е што нема доволно пелени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)