ги (зам.) - црта (гл.)

Фатените ин флагранти се оправдуваа на ист начин: „Да, учителе, тоа е мој цртеж, ако не ми верувате, прашајте го и ученикот што ни ги црташе!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Коуку адно маж ва момата! си помислува Роса гледајќи ја Чана без очи без уста без лице туку само со рабовите на снагата што ги црта светлината од зад неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вудринг му се врати на стрипот нешто подоцна, со Tantalazing Stories, црно-бела серија на (еден вид) детски приказни, поделена меѓу неговите сопствени стрипови и оние на неговиот пријател Марк Мартин. (Во 106 okno.mk еден број, тие ги разменија местата и си ги цртаа карактерите еден на друг.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Си ги цртам хризантемите, - ми објасни Билјана. - Да ми останат за спомен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги цртаа растенијата војниците и ги запишуваа нивните имиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дали ќе заборавиме на цртежите што ги цртавме и на составите што ги пишувавме за убава, чиста, мирисна , цветна, здрава животна средина?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Веѓи немаше, но затоа си ги црташе со кафеав молив и од далеку изгледаше како детска ишарана топка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На пример, кога велам: „Те гледам, можам да те видам“, тоа значи: „Можам да те видам бидејќи не гледам што е зад тебе, те гледам внатре рамките што ги цртам; не можам да видам низ тебе.“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)