ги (зам.) - финансира (гл.)

Од една страна бомбардираше со реклами за морал, а од друга ги финансираше младите зарѓани штрафери да пеат треторазредни стихови со благоретардирана бучкуруш содржина од типот на „Спушти се доле земи го горе” и „Биди зелен и изролај еден”.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Комеди Франсес добива пари од државата за да го игра Расин и Корнеј или националниот Британски театар за поставки на Шекспир...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кој ги финансира Ла Мама или Паблик театар во Њу Јорк или било која off сцена? Државата најмалку.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Тоа е владина агенција што ги финансира овие куќи. Ако не беше таа агенција, немаше олку да биде изграден Идн Парк.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сарафов го одобрил нејзиниот план и се согласил да ги финансира нејзините динамитни акции во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: •  прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, •  второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: •  прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); •  второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и •  трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кој е тогаш оној што треба да ги финансира уметниците?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Гледам денес кај нас ако некој сака да почне фарма, веднаш бара помош од државата, некој да ги финансира.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синдикатите на повисоко ниво ги уживаат сите права и слободи загарантирани за синдикатот и имаат право слободно да се здружуваат и соработуваат со меѓународните организации основани поради остварување на нивните права и интереси (чл. 187, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите, односно нивните здруженија на повисоко 158 ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите и нивните сојузи (чл. 195, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)