Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
(...) Како и да е, неуспесите на Ворхол имаат помалку пресудно значење за она што остана од Фектори сега, а тоа е идејата за слободна популарна уметност - пракса на музика, зборови и слики која прибрано ги урива постоечките критериуми, која го одбира својот пат низ антидатираната комерцијална забава, и ароганцијата на институционалната доблест до некои колоквијални синтези. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 153
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Верувам дека никогаш порано, пред појавата на Валери Соланис не дошол на идеја да ја изедначи славата што сам ја конструираше со таа на Мерилин или Лиз, слава која предизвикува стравопочитување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во самиот центар треба да стои стар заоблен кауч, така гол пред античката камера поставена на три ножец.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Гледам како ги уриваат спомениците: оној на Никола Тесла во Глина, на Иво Андриќ во Вишеград, на жртвите на фашизмот на Брач.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како што е познато, гемиџиите планирале и се подготвиле да ја дигнат во воздух само отоманската банка, а не и да ги уриваат куќите на невиното население. 181 Од Дневникот на сестрата Писи, “Нова Македонија“, 12 јануари 1961. 182 А.М., ф. 238, Француски конзулат во Солун, 13 мај 1903.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Куќите ги уриваа со булдожери.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Овде Балканците не стигнале меѓусебно да си ги уриваат храмовите, и тоа за него беше убав знак.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Змејовиот бес е толкав што и ѕидиштата на кулите ги урива во прав.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)