ги (зам.) - уништува (гл.)

Гимназиски денови. (Нема начин тоа да се направи пред 1955.)/. (Ѕ) се занимава со јазикот. (И) со сакраментална структура (Тенисон). (Ј) прави планови кои не можат да се изведат. 188 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(К) прашува: може ли лицето од гума толку многу да се истегне така да некое огледало може да го одслика во нормални размери? (Л) е филозоф: “-” се разликува од “-”. (Љ) го проучува семејното стебло. (М) не е заинтересиран за работа туку само за игра. (Н) се поттикнува себе и другите да работат повеќе, а не помалку. (Њ) ги уништува делата кои ги завршил. (О) го направи “Критичарот гледа”. (...) Термостатите се врзани за радијаторите, но без никакво дејство, вода до двете голи жици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Формуларот за регистрација на возилото не е пронајден.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку ли само театарски чинители, бегајќи од сопствениот стерилитет, влегуваат на туѓа територија (се мисли на театарските сцени) и необмислено, неодговорно и недоследно ги уништуваат животите на илјадници слепи пилци и кокошки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние не ги уништуваме само нашите непријатели, ние ги менуваме. Разбираш ли што сакам да кажам?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Полицијата на мислите трага по нив и ги уништува, речиси со истата брзина со која ние ги препечатуваме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се случуваше токму во времето кога Монтескје во XVII век ги проповедаше своите идеи за топовите кои ги уништуваат топовите, за деспотските режими кои не можат да имаат фундаментални закони, за републиканската влада која во срцето го има народот, за облиците на издвоената власт (парламентарната, извршната и судската), ние во Османската Империја да го одржувавме во живот кадијата, исламскиот судија кој донесуваше одлуки во согласност со шеријатското право...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури ни смртта не ги уништува виртуелните профили.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога би можеле да престанеме да се уништуваме самите себе, би можеле да престанеме да ги уништуваме и другите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие ги претставувале гемиџиите како “злосторници“ што сакале да убиваат, да палат, да ги уништуваат европските имоти, што планирале да убиваат и дипломати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Човекот ги уништува. Сѐ поретко и поретко кружат во облаците, - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Втора е дигиталната или компјутерската бомба - таа ги уништува принципите на самата стварност, не самиот објект, и повторно ги изградува. Трета е демографската бомба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Саботажата е друга работа, сосема различна од насилничките соништа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, зошто луѓето ги уништуваат уметничките дела во музеите и галериите?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
МИХАЈЛО: Нема. Само едно ме теши. Среќа што фреските не ги уништуваат. Ќе останат под малтерот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Овие птици се вистински штетници, знаат да уништат цела нива со пченка, знаат да исколваат цела градина со цреши, па така сметавме дека имаме право да ги уништуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Козите ги уништуваат социјалистичките добра: горите, шумите. Затоа треба сите здружено да ги уништиме...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но сега и нив ги уништуваа. Проклети времиња...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга, пак, не можеше да се помири со социјализмот што ги уништува козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Црквата беше оградена, добитокот шеташе низ гробиштата, ги поганеше гробовите, ги уништуваше дрвцињата, цвеќињата. Дрвената ограда беше распадната, изгниена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)