ги (зам.) - улови (гл.)

Момата русоглава, бела, дури жолта во лицето, како да има префрлено жолтникаво парланто преку образот, ама очите никако да ѝ ги улови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, зулумите, особено зачестија откако од походот на Маџарско се вратија постарите спахиски синови и се заканија дека тие ќе ги уловат зулумџиите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Личам на деда си, - се насмеа момчето и се стрча кон поточето, кон длабокиот вир, да ги лови неуловливите пастрмки, што со денови ги гледаше, а веќе трет ден се обидуваше да ги улови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Онаков каков што беше секогаш кога ловеше риба, со широките панталони кои допираа до твоите колена, со трската во раце, а до тебе ќесето со рибите што си ги уловил, и како од далеку го шириш и ми велиш - види…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Преокупирани се со тоа кај ќе се појават и дали ќе ги улови апаратот на некој фотограф.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)