Тој требаше повторно да се впрегне во исцрпувачката работа од зора до мрак и пак да го дочека Белчета за да дува и ука на рацете кога ќе вади слама за беговите волови, кога ќе сече дрва за беговата одаја, кога ќе го крши мразот по водениците за да сомеле што побело и поситно брашно, од кое неговата друшка — робинката — треба да меси бели погачи, да сучи танки мазници, баклави, да прави слатки алви и шеќерпариња за силникот — бегот, а таа со својата рожба да ги топи сувите корки во врела вода во котелот на верушките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„КАСАПСКА ОДА” (Химна за човечкиот род) Кога острилото ги топи ситните заби на ладниот челик искрејќи во ноќта како дел од најстарата претстава Тоа чувство на општа загрозеност во ладните утра и испарувањата од масните касапски раце Тие насмевки полни со љубопитност чекајќи награда Во ложата плескајќи им на „СИТЕ НАЈ-ГОЛЕМИ КАСАПИ” Алтруисти, Луѓе од големиот збор сите како учесници во последната касапска претстава Тука е и церемонијал-мајсторот лупкајќи занесено со останатото членство во холот на изгладнетите стрвници Животот како една голема касапска драма сѐ до следниот на списокот и повторно заспиваш со успивното kreshendo илустрација: Matthew Richardson на разиграното острило. okno.mk | Margina #3 [1994] 65
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Жените по колјата, пред крајбрежните куќи, денес некако полесно и повесело ги топеа во водата и ги белеа своите платна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)