ги (зам.) - ткае (гл.)

На фасцинантните бели платна кои ги ткае животот врежував ликови кои никогаш нема да исчезнат и сите тие со себе си земаа дел од мојава душа и срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа не се само обични слики со изразит информел, во секоја од нив има живот, пулс, мисли и зборови, можеме да ја слушнеме и разбереме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Почнувајки од историјата како основа на која ке продолжат да ги ткаат новите шари, збогатувајќи ја!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова може да се ЗА ЧУВСТВОТО НА разбере метафорички, но секако упатува кон НЕПОТПОЛНО ОПСТОЈУВАЊЕ темперамент што не ја отфрлил детската визија поради визијата на (фрагмент) возрасниот човек; а оваа паралелност која го прави како поетот така и крими­ jamais reel et toujours vrai (на цртежот на А. Арто) налецот, веројатно и црнопијата и хумористот (се работи само за различни количества, нагласување на последниот или претпоследниот слог, избирања: сега си играм, сега убивам) се забележува во чувството на непотполното опстојување во некоја од структурите, во некоја од мрежите кои ги ткае животот и во кои ед­но­времено сме и пајак и мува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој и неговите браќа имаат продавница за килими, а кој ги ткаел?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа беше добро, како што беше добра и твојата прошетка низ сите соби на неговата куќа, кога откри дека тој во секоја соба веќе има по еден персиски ќилим, од оние, што ги ткаеа девојките во текстилната бригада. Тоа ти требаше да го знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Такви си ги ткаеме - и веленца, и килими, и ѕуници...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе ги ткаеш даровите - за свекорот, свекрвата - за деверот, за нункото - даровите за сватови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Евто ќе земе да ни ја направи столаријата, од ореово дрво, намачкано, светнато, долу черги, ќе ги ткае Рајна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)