ги (зам.) - тишти (гл.)

Во својата заклучна реч, тој намерно одбива да ја огради работата, отфрлајќи говор со завиени квалификации и зборува великански, широкоопфатно, инклузивно и во универзализирачка смисла за „нашата дводуховност“ и за „нашите меѓупросторни природи“ (259).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па ајде да повториме некои од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите, според него, навистина се одликуваат со природна состојба: заедничко ни е својството да му припаѓаме на трет или меѓупросторен пол, на половина пат помеѓу машкиот и женскиот (но поблизок до вториов). ‌Таа отворено есенцијалистичка или есенцијализирачка визија за природите на геј-мажите ги носи со себе вообичаените недостатоци, проблемите што по правило ги тиштат сите есенцијалистички модели на општествениот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гневот и жалоста можеше јавно да се потврдуваат и да се изведуваат токму затоа што не искажуваа некоја особена, индивидуална, лична и можеби патолошка внатрешна состојба што ги тишти геј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)