ги (зам.) - тегне (гл.)

Дојде комбето и сама ги тегнев и влечев вреќите и табуретките кои го претставуваа креветот на кој спиев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се поткреваме на прсти, ги тегнеме вратовите, се поттурнуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку влеваат едни во други и пак се разделуваат, некои невидливи раце како да ги тегнат на разни страни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
– Ке биде интересна денешната работа, зар не? – праша еден од агаларите и почна да ги тегне бројниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Знаете, тој оди во четврто одделение и, речиси, пред цели три недели престанал да ги тегне мачките за опаш.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И да не ги тегнеа човечињата, тие што се имаа погодено врз колената и лактите на Ане самите изгледаа пресмешно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некој ги тегнел за опашките и за ушите, и тие не знаеле кој е тој некој и бегале, и верувале дека пантер или леопард долазил до нив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Ми избега сенката, - тажно рече.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ти тогаш му ги тегнеше мустаките, се разбира не на татко ти туку на мачорот, а тој ќе мјаукнеше и ќе избегаше дури на багремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Животот ги тегне“, реков, „своите конци како бубата свилената нитка, само што животот не е свилен“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете тоа и го реков за да ја смирам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Купуваа и мастики и попат ги џвакаа, ги тегнеа со прстите или ги надуваа натпреварувајќи се кој поголемо топче ќе направи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)