„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гранки фрливме врз нив ветените за крунисување пред олтар... врз гранките земја крвава и ја притегнавме со крш - камења ко вечен запис што во времињата сегашни и идни ќе ги мијат дождови и ветрој ќе ги сушат, ќе ги топлат воздишки и во бели зори ќе болснуваат ко бисер што болснува на гради момини...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И немојте да брзате да ги сушите смрдливите чорапи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие кожи што беа за гајди, таргачи, мешини, ги сушеше така цели, превртени од внатрешната страна, а оние што беа за опинци, постеќии или ремења, ги распоруваше, ги оптегнуваше со клинци на чардакот и ги премачкуваше со ќуќур, стипса, сол, или со сок од билките чуен и ноктец.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ме гледа: начинот на смртта не е ограничен, вели, но ова е прва земја во која не видов гробишта; или сите се живи или сите се мртви, некој необјаснив збор ги суши коските.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Колат и дерат, кожите ги сушат на сонце.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мајка ми обожава да бере чаеви и разни други миризливи тревки и да ги суши во нејзината соба, па таму и лете и зиме опојно мириса.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тие денови, таа смисли наместо букетчиња од чаеви да плете венчиња.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И после алиштата си ги сушиш на телото свое.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чана ги пресоблече внучињата на Петра, зад себе во ќошот ги стави врзаните кокошки кои ни претаа ни кокодакаа, Добра го затопли Ленчето, а мажот ѝ ги собра мокрите алишта од внучињата на Петра и од Ленче и појде крај огнот да ги суши.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Откако ќе се изнаплаче, се оддалечува, од луѓето, се крие некаде зад карпите, чепка меѓу камењата, собира некои тревки и корења, ги суши на сонце, а потоа, завиткани во парче весникарска хартија ги пуши.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Им турија сено и слама на коњите, го затворија авурот, ја заклучија вратата и отидоа во анот да ги сушат мокрите алишта на огништето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Таму се таложат, растат, создавајќи му болки – продолжи старецот. –Киселиот вкус на лутината и гневот, во комбинација со заморот, произведува киселини што ги разјадуваат, ги сушат и ослабуваат неговите коски.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше два дрвени обрача и многуте видови цвеќиња и тревки ги врзуваше за обрачот а потоа ги сушеше под сенка. Таа не ме караше кога ја гледав што прави.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И после да се преслечам и Велика да ми ги суши алиштата, а јас да спијам покрај огнот. Така ми иде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)