Ако доживеал стрес, тоа можело да биде само од добрините што му ги сторил! - така размислуваше па, со задоцнување, му одговори на Палигоров: - Велиш, тежок дијабет?!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Лордот го задолжи човештвото со спевот Чајлд Харолд и ги стори за прв пат познати Албанците во цивилизираниот свет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неговите блиски кои останаа во земјата, преобратени од христијанската во муслиманската вера, без да ја доживеат лаицизацијата на која можеа да сметаат нивните блиски заминати во Ататуркова Турција, сталинизмот насилно ги „лаицизира“, ги стори поданици на првата атеистичка држава во светот!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека се присеќав на содржината на мојата теза за Коница и Аполинер, се обидував да се присетам за „гревовите” што би сум можел да ги сторам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сега знаеше дека биле најави на поголемата бура, но тогаш (пред само неколку месеци, но како да било многу одамна) мирот околу него имаше вкус на вечност, а луѓето живееја како таа вечност околу нив и нив да ги сторила недопирливи и бесмртни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едно време, кога тој се потокмил да ги стори и двата последни чекора, мечката со сета преостаната сила и поднесувајќи ја сета болка на запците во својата коска, се свртела на другата страна , така што притоа коската скоро причкртала.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Куќите урнатини и пеплишта пеплосани ќе ни ги сторат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Грдо е други да обвинуваш за потфати што самиот ќе ги сториш па дури и тогаш кога била присутна и некоја нејасна присила и страв.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Проклет да бидам, беше обвинет за најстрашни нешта што сигурно никогаш не ги сторил во животот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А и в село на луѓето им притребуваше за работи што никој друг не би можел да ги стори.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зар сталинизмот мораше толку многу да вежба со нашите души за да ги стори комунистички.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бог да му ја прости душата и за добрините што ги сторил, ама што бараше да се дружи и со оној адвокатон албанскиот емигрант, со нејасно минато?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но, надвор од денотативната функција, границата може да има за цел да задржи внатре (ѕидовите на затворот), задржи надвор (електрична ограда, доверливи информации) или да ги стори обете едновремено или засебно.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Дека со него владее некаква несигурност наговестуваа и оние тврдења дека и најголемите глупости што ги сторил за среќа секогаш биле корисни за државата!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ќе ти нашепнев и кој ја поттурна одзади, и тоа со двете раце, кога требаше да земе залет за да ги стори спомнатите неколку скокови до високото место каде што се најде!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Никогаш нема да ви ги заборавиме добрините што ни ги стори татко ти.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога самиот Сократ рекол дека ништо не знае, зарем не е подобро да се користиме со наследеното право од ова признание отколку да го стекнуваме со толкави напори, што веќе ги стори атинскиот покоен мудрец; кога веќе е невозможно да се биде паметен треба да прибегнеме кон утешниот начин - да изгледаме паметни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но, кој е учен, пријатели мои?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)