Тој се стресе, ја тргна, се заврти, ја префрли бргу торбата преку рамо и со големи чекори побрза да ги стаса другите гурбетчии.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој се врати на Балканот, таму каде што неговата турска мајка не престануваше со соништата да замине во Турција, да ги стаса живи своите родители.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За неа враќањето значеше по долго потиснуваните емоции, да ги стаса живите пред да мине и нејзиното време.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но и тука избегани, пак ги стаса чумата; му умре едно од децата на Дејко.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од еден рамен покрив трештеше оркестар. Барабаните галопираа. Куцајќи, трубите брзаа да ги стасаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Полека се созедовме. - Цело богатсвто! - Богатство. Додо, - потврдив. –Богатство о невроени ропски години на ислужените ридари.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Шумшул –град остана зад мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со малку задоцнување. Ќе ги стаса своите гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ги стасав и појдов со нив. Ненадејно, без врска и потреба, Пенчо гласно кликна: - Земај сѐ што можеш!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тројцата никаквеци купиле за златото секакви женски лаги, белегзии со модри каменчиња, морски полжави, шарени басми и прекуморски скакулци во шеќер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да, тој ќе стори нешто, Јаков не останувал должен, ќе капне крв пред неговите нозе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ќе ги стасам, им рекол на своите деца. - Пуштете ме да поспијам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека да ги стасаме, пак некоја белја ќе направат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не разбрав тие ли викаа или јас кога ги стасав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)