Имено стоеше: „Јас раб божји Никола Спиро Поцо...“ Сега беше јасно дека оние иницијали што ги сретнав втиснати во текстот на црковното ѕвоно оној ден кога ја посетив црквата и гробиштата, а кои гласеа “Н.сП“, значат всушност „Никола Спиро Поцо“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Имаше малку јавни ве-цеа во Монтреал кадешто човек не можеше да ги сретне неговите графити - од центрот па до периферијата, секаде беа присутни трагите на Lazer. (...)
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ордета и Пискулиева ги сретна еден ден на улица нивниот земјак Миле Петровски и ги замоли да го примат само за една вечер на спиење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Врати се, мора да ги сретнеме нашите заеднички погледи на свет.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Си ги сретнал ли на улица оние кои бегаат?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По толку години, секако предолго време и за најсвет живот, кираџиите и дрварите се колнеле во очите и во децата дека ги сретнале во дождливите есенски наквечерини, тројца, костур зад костур со долга брада, нечудни очајници и голтари до кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тројцата останале во сеќавањето на луѓето и во ноќните прикаски како набожни проказници од нова балканска Библија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Старецот и тој, едниот во својот залез, другиот во своето изгревање, самата случајност ги сретна и ги поврза.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сонувам што-годе, а нив никаде да ги сретнам, да ги здогледам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се истуфкав дека не го прашав Јона за децата: дали чул нешто за нив, дали ги сретнал некаде по водата, дали ги видел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
3. Собирачи на пердуви беа децата, поточномладите луѓе коишто, при пристигнувањето, ги сретнав пред импровизираната продавница.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вечерта ги сретнав старите пријатели, познатите дипломати на земјата, дипломатот и писателот Рашид Дрис, дипломатот Таиб Слим (брат на некогашниот генерален секретар на ООН Монги Слим) на кои и покрај залезните години, како некогаш Хабиб Бургиба, така и неговиот наследник Бен Али, им доверуваше деликатни дипломатски мисии од интерес за земјата, но и пошироко во арапскиот свет, во Европа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не е тајна дека сите што сум ги сретнал на подрачјето на виртуалната стварност - тоа е за Вас тавтологија - се ветерани на психоделичните мозочни истражувања.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Нив ќе ги сретнете во оној неугледен Регистар на забранети списи , ме упати тој.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Веќе пред десетина, ако не и пред повеќе години тој ги сретнал забелешките на непознатиот монах водени по маргините на светите книги.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А ние таму, во Оровник кога си ги сретнавме нашите, како да престанавме да бидеме војници.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Би сакал, дедо Пандо, некогаш ова убаво да ти го раскажам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Многу мајки си ги сретнаа во Оровник своите деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јас си клекнав во ќошот на земјанката и, потпрен на автоматот, цела ноќ како во сон ја гледав мајка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дачо му ги пика парите на благајникот во џебот, а Ранч седи настрана и бега од Дачо за да не си ги сретнат погледите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Брацо Димитријевиќ „Намерата ми беше да создадам еден контра-модел и да предложам контра-став на постојната, доминантна мисла“, вели Брацо Димитријевиќ (р. 1948 година, Сараево, поранешна Југославија)140 за неговата серија Случајни минувачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Јас, на пример, не го сакам Францускиот народ во целина, а сите Французи кои сум ги сретнал биле мили луѓе.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Баба му, ниска и подгрбавена старичка, излезе на вигната и првите партизани кои ги сретна, ги праша: - А бре, ченда, кој тука ви е големио?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во него, покрај личната гардероба, има неколку подароци, аманети од Мајка за нејзините најблиски, се разбира ако ги сретнам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И смеејќи им се весело како прв пат кога ги сретна со колата, тој завесла во спротивен правец, мавтајќи им со рака од далеку.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И после кој како ќе ги сретне и ќе ги прашува што носите така?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кој пат ќе ги сретнам, Коста ќе ме задева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)