Јас до таму ги спроведував бегалците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Негова најголема желба била, пишува Шатев „по секоја цена да не отстрани од Солун, па дури и да умреме во некаква затворска ќелија, само и само да не бидеме во Солун, каде што тој сакаше да биде спокоен за да ги спроведува своите цели како натрапен водач на едно движење на кое тој, поскоро му беше противник, а сега, по една случајност на сложените настани, беше станал раководна личност“74.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во согласност со древната поделба на кралици и трејдови е поделбата помеѓу ироничното кампско соучесништво и искреното бучесто позирање, на сестринство и секс, на дружење и еротичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Овие поделби, кои ја структурираат целата традиционална машка геј-култура, се темелат врз спротивноста на убавецот и кампот, а ги спроведува законот што не дозволува тоа да биде еден ист човек.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еден од методите на лечење кои ги спроведуваше доктор Гете наликуваше на газење по лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога се приближија, Трајче виде двајца врзани Германци, а по нив одеше Саво и ги спроведуваше со двајцата други партизани облечени во германска униформа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Заедниците, како што нè потсетува Грос, се формираат не само преку идентификација и генерирање на заеднички интереси, потреби и вредности, и воспоставување на универзални закони кои истите ги прават задолжителни и ги спроведуваат, туку и (а можеби и уште повеќе) „преку остатоците што тие ги исфрлаат, бројките што ги одбиваат, условите кои ги сметаат за невозможни за 22 Helene Pellerin, “Borders, migration and economic integration: towards a new political economy of borders,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 55. 26 асимилирање, кои се обидуваат да ги жртвуваат, оцрнат и протераат“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како што потенцира Лозановски, кај битолската топ- лификација, иако само како основач се јавува „Топлификација“ АД – Скопје, истата се поставува и како централен раководен ор- ган кој потполно учествува во раководењето со битолската топлификација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Раководителите во Битола се само марионети кои ги спроведуваат веќе изготвените одлуки од Скопје, без притоа да имаат и најмала можност за донесување сопствени одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Плениците ги носиме, ги спроведуваме, а тие само плачат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)