Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во длабината на својата душа тој ги спојува европејството и балканството, останувајќи недокрај разбран и од едното и од другото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Размислував за нив гледајќи ги седнати на асталот еден покрај друг и се прашував што ли ги спојува овие две суштества толку различни едно од друго.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Киберпанкерите ве мразат!
Најновата Американска изгубена генерација ги спојува младешкиот бес и технолошкиот тероризам.
Денешните киберпанкери не се првата млада генерација која плука на денешниот свет но тие се први кои се стручно оспособени да сторат нешто во врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Таа гордост имаше непосреден контакт или произлегуваше од она што беше нејзин лесно видлив белег како жена која нежноста и убавината ги спојуваше со пословичните карактеристики на спротивниот пол, покажувајќи ја, во вистинските моменти, силата својствена за мажите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Откако слушна: “Сепак, денот се познава по утрото”, Ема одмавна, по навика со левата рака, а со десната ја крена чашката со ликер и ги облеа усните со неколку капки кои се развлекоа по тенката линија кармин што ги спојуваше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој речиси ги спојува на едно место главните текови на македонскиот расказ (од Цепенков до долепотпишаниот), заедно со основните стилски тенденции, кај нас и во светот - привидно реалистичкиот пристап, фолклорната и друга фантастика, алегориската парабола, бабељевско-чинговската стилизација, ониричкит пристап, магискиот реализам и сл.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Несрушлив мост што ги спојува нашите души. Иако телата, пак се раздвоени.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тоа не го поттикнувам, иако нема ништо лошо во технологијата што ги спојува работата и забавата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
7. И РИБАТА КРИЛА ИМА, НО НЕ МОЖЕ ДА ЛЕТА - зашто сино море и сино небо не е исто, сепак, сал дождот ги спојува во едно тие два света, но кој него, вода што тече, го смета за лепак...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Изразот на моето лице кога се завртев накај мостот (еден од многуте) што ги спојува Будим и Пешта ја насмеаја мајка ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
За една книга од 2 000 страни во ракопис, тој со својот чуден ракопис испишал 80000 листови, кои ги спојува со штипки за алишта. Вашата дарба, Вашиот начин на живот, Вашите реакции, дури и Вашиот нагласок, зборуваат дека сте Парижанин, дури можеби и повеќе, периферец.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Машката геј-култура, пак, е позната по обичајот да ги спојува еротиката и естетиката.265
Ова, можеби, е причината поради која секогаш има нешто реакционерно во машкиот геј-култ на убавина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Солун е Вториот Ерусалим. Хитлер е Набукодоносор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И што прави Корец? Ги спојува дланките, ги преплетува прстите и со глас на очајник го преколнува бесчувствителниот прв министер за спас на солунските Евреи, со потресен глас, со насолзени очи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Капките дожд ги спојуваат сите луѓе на светот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Оваа физичка раздвоеност создава необична технологија во свирењето која звуците ги спојува на природен начин на кој се тие споени во полето, на улица, или во куќите и зградите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Нивната цел беше да применат малку обратен инженеринг, односно да се обидат да ја разберат структурата на границата и како таа функционира, „согледувајќи ги чудните привлечности кои ги спојуваат заедно луѓето од двете страни на границата и во исто време ги држат одвоени.“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во 2000 година, уметничката група Laboratorios Cinemаátik го пренесе фестивалот во Тихуана, на границата помеѓу САД и Мексико.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ах, каков создател! Александар ги спојува: минатото со иднината!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Ташко Георгиевски, мој е впечаток, мошне впечатливо ги спојува специфичните и субверзивни формални јазички иновации (пореметена синтакса, преплет на гласови, тек на свест...) со она што значи „наш дух, ритам и автентичност“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)