Камилски зачудено го погледна Татко, не сакаше да им верува на неговите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски овие мисли ги сподели со Татко, кого го сметаше за покомпетентен од себе: Османската цивилизација мошне брзо ќе завладее во светот, но врз нови цивилизациски вредности, различни од андалузиската исламска цивилизација, пред сѐ мотивирана од военоосвојувачки цели. Но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски не беше целосно задоволен од одговорот, ја продолжи својата мисла како можен предизвик за Татко: Врз осумвековната мистерија на исламскиот андалузиски период се надоврзуваат митските шест века на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој набргу ги сподели своите нови дилеми, откако Камилски ги изнесе резултатите од својот последен извештај: Колку и да работиме, внесено и вредно, ние тешко ќе стигнеме до нашата вистинска цел: да минеме низ јазичното чистилиште на сите турцизми во балканските јазици и да ја утврдиме листата на стоте (без)опасни зборови?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Типот ми создаде огромна тежина со тоа што своите гревови ги сподели со мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сакам - продолжи Томо - да бидам првиот што ќе ги сподели впечатоците од вашата авантура.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Некни Кирил ми пушташе некои демо-снимки од својот нов албум, па јас ги споделив со Демијан.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„Значи, чесна жена!“ Следуваше монолог, себевоздигнување, предавање за моралните вредности и слично, а најзначајните сакам да ги споделам со вас.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Писателот, едноставно, не го фермаат, дури и кога се буни како Грк у апс.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не можев а во еден од симпозиумските реферати да не ги споделам моите некогашни, пред триесетина години, патувања со овие сегашниве.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ќе се натокмеше топтан цела фамилија за да ги сподели секирациите на овие богати Американци.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Жена му, научена молчаливо да поднесува сѐ во оваа куќа, нема со кого да си ги сподели своите сомневања и немири, својата тага и својот страв за единствениот син.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само не вака. Не вака, со овој свој гостин, што трепереше онака исплашено првата вечер, а после што ти даде можност да ги споделиш со него сите оние свои најоптегнати безгласности на твојата самота, сигурно дека нема да можеш, човече.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веројатно поради мојата возраст?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зошто не беше спремна со мене да ги сподели?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сакав уште поодамна да ви пишувам за една средба во Македонија со познатиот француски есеист Роже Кајоа, чии мисли за човекот и книгата ми се врежаа засекогаш во меморијата и тие асоцијативно се активираа во мене читајќи ги вашите последни писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На средбата со македонските писатели, откако од претседавачот на собирот беше претставен и со искажувањето дека Роже Кајоа го поставува човекот во центарот на рланетата Земја, како најсовршено суштество, тој непредвидено го прекина предавачот и несогласувајќи се со неговото тврдење дополни:
Не, почитуван претседателе, јас никогаш не сум го поставувал човекот во центарот на егзистенцијата, за мене човекот е и како другите животни, кој произлегува од делувијалниот период, со незавршена еволуција...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Единствената судбина во преживувањето му преостанува да го разбере другиот, да ги сподели разликите во потрага по заедничкиот излез и посреќно место под сонцето на рланетата Земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Целосно верувајќи во Мурџо, тетката Перса не ги сподели своите размисли со Пелагија, дека кога децата се заедно секогаш треба да се има на ум Дончо за да не се случи нешто за што подоцна ќе зажалат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мојата Мајка не ја криеше својата секогаш притаена гордост што за нејзиниот син се пишува насекаде и за неговата улога во палестинското прашање, но уште повеќе не ја криеше и нејзината голема загриженост за моите деца.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби ќе беше најсреќна што порано да се вратам, да ги споделам последните години на нејзината осама.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сите овие сомненија како да ги беше веќе оставил зад себе бидејќи беше нашол начин да ги сподели!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Си имаше обичај, во тивките квечерини, уште кога беше жив Татко, по домашните работи и грижите околу децата, да си ја смирува душата читајќи од светите книги, на чардакот, чекајќи го Татко, за да си ги сподели мислите за прочитаното.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)