Има мигови, значи, кога нема што да се каже па наместо тоа, низ празната линија на телефонот, го слушаме својот молк кој јасно нè поучува: исто како и небото - дека и земјата врз себе ќе ја носиме... * * * Тој веќе му се радува на светиот оган кој ги спепелува сите сеќавања, ги осмислува сите бегства и во прегратка со пламенот постапно ги распознава сите мисли и зборови кои кажуваа дека има час во кој веќе ништо друго не може да се случи - освен да се догори.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)