ги (зам.) - спакува (гл.)

- Шо те боли курот за рајата. - На крај ако треба ќе ги спакуеме куферите и ќе му ја дувнеме од оваа свињарија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Татко му дошол пред мене и освен работите на син му, ги спакувал фино и уредно и моите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш, погледнувајќи во брата си, кој ги јадеше сендвичите, што неговата сопруга утрото ги спакувала додека сè уште беше свеж од тоа што ја прегрнуваше, го обзеде неумесно и необично чувство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Целата нејзина гардероба се состоеше од блуза и гаќички под фармерките што можеше да ги спакуваш во напрсток. И зиме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Побарав од Земанек да отрча до кај мене дома, да ми го земе саксофонот и да ми ги спакува неопходните работи во торбата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Леле, ама давиш, ќе ме умреш со таа Хармонија – се налути Саше – ти нормална си или не? Јас одам на летување, а не на учење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, потоа му се сврте на Саше: - Да не заборавам, ти си ги спакува задачите по Хармонија?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утредента слугинката Елза, откако Хелвиг отиде на работа, ѝ помагаше на Марија да ги спакува алиштата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се разбира, најпосле ја повика тетка Ана да ѝ ги спакува куферите, зашто, како што тврди, самата е неспособна тоа да го стори, а сестра ѝ била „махер“ за пакување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)