ги (зам.) - составува (гл.)

Промените во јазикот на еден народ во времето ја составуваат историјата на јазикот на тој народ, а промените негови во пространството ги составуваат неговите современи варијации или дијалекти, поддијалекти, говори, подговори итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, корисникот на бројаниците го брои - времето, го разделува истото на моменти кои подоцна ги составува во целина - акт на креација, творештво, создавање. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 111 = момент за спомен = е сувенирот како предмет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зборовите на песните ги составуваше, без секаква асистенција на човек, еден инструмент познат под името версификатор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цела ноќ ги исправав, ги составував, ги пеглав, ги лепев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Оти можеш да им поткажеш на оние кои ги составуваат жири комисиите да ме земат во предвид.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Станува и, иако беше опоменат од претседателот на Дисциплинската комисија дека изрази на верски чувства поради тоа што црквата е одделена од државата не се дозволени, сепак ги составува дланките, ги положува на градите и притоа ги превртува очите нагоре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пајак сум со крст на грбот, и сум создал цела една мала вселена; краевите по кои ги составував и лепев деловите навистина прилегаа на мрежа, на зраци сончеви што се распостилаат наоколу од средето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вистина, мајка ми е Влаинка, татко ми е Влав, значи и јас сум”, продолжи замајано, небаре забрзано ги составува и крпи сликите од сонот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мојот одговор воопшто не ја зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Го знаев тоа и пред да те прашам - рече таа и продолжи да ги составува со иглата разделените делови на здолништето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Фонтовите го составуваат и претставуваат дигитализи­раниот текст, додека HTLM ги составува и прикажува хипер-текстуалните еле­менти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обата претставуваат сет инструкции за составување содржина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш се сврте кон улицата и малку веднат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од обувките.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш се сврти кон улицата и малку наведнат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од кондурите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Слушнала на млади години, поминати во крајезерскиот град дека еден нејзин сограѓанин поет, шетајќи крај езерото, зборувал сам со себе. Тој така ги составувал своите песни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сине си ослабел си станал „тенеќе”, внимавај (макар што беше спротивното!) Мајка кога сакаше со малку зборови да ни искаже многу содржини се служеше со познати поговорки, едни народни, други ги составуваше самата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Усните ги отвора, а клепките ги составува, ко крилца од ластовичка. 158
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)