Да ги соблече панталоните, не соблекувајќи го капутот?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И Митра ги соблече невестинските алишта, си ги облече четничките, си ја прибра и таа пушката и од убава руса жена пак стана Толевиот четник Мише Ќосото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Му ја остави пушката и седлото од коњот на попот, а со нив заедно Брниклијата, Најда и сина си Велјана за „момци" на манастирот до Ѓурѓовден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А бре ми, кај те носи матната, кај кршиш глава, в реката да појдиш да се удавиш, бре, кај одиш вака јавно на бел ден? Не гледаш не испекоа Турците за тебе, бре Толе? — го засипа со клетви Гуле и почна да ги крши прстите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Абе со тупаницата ќе изгледаме револуционерно ама ќе мора да ги соблечеме скупите капути.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тогаш, неколку мига како да се колебаше, па со двете раце го запрегна фустанот од предната страна, ги соблече гаќичките правејќи ги нужните прескоци со голи нозе и полека ги потфрли зад себе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потоа му ги соблече боксерките и агилно почна да пуши.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Малку понатаму се затскрив, како да сум отишла по нужда и ги соблеков пантоланите, ги истресов од калта, но водата беше густа од црвената земја, ги исфрлив опинците и чорапите, па така ги облеков пантоланите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Само се полнеа а никако да се испразнат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не можеше да се сети дали воопшто некогаш од неговото апсење ги соблекол сите алишта од себе истовремено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кој и да дојдеше во Фектори, како и да изгледаше, јас го прашував дали би ги соблекол панталоните за да му ги сликам курот и мудата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сонцето се издигна високо на небото, носејќи топлина што ги натера луѓето да ги соблечат валканите алишта и да ги симнат измастените шапки.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој сакаше разновиден живот...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Не сакам да завршам како хартија!“ Ете што ми збореше.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Никогаш не го бев видел, ни на најтоплото, да си ги соблече панталоните, ни палтото, ни околувратникот... Единствено манжетните и патент-краватата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Или: - Мама ги соблече жирафата и мечката. А што прават оние што го слушаат вака да зборува?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сѐ уште стоев закопан во место затоа што навистина ми беше жал да газам по килимот, а ми беше и незгодно да ги соблечам чевлите, затоа што чорапите сигурно ми се засмрделе во текот на долгиот пат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ги соблеков запотените чорапи и ги фрлив во еден чист агол од раскошниот тоалет.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Блазе им, не чувствуваат ништо, лесно им е, боси, голи... зашто цокулите, па дури и искинати, фанелите волнени и шинелите излитени, изедени од молци и издупчени од куршуми им ги соблекоа и им ги зедоа живите...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Грабни го де, нема да те гризне!“ извика еден од нив и потоа загазија назад кон брегот носејќи едно тело префрлено помеѓу нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа беше една жена - млада, гола, телото ⥊ беше млитаво и модрикаво под играта на батериските зраци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Таму, до бога!“ извика еден од нив, и двајца цајкана зацапаа во плитката вода без ни да застанат да си ги соблечат чевлите, бревтајќи, додека кожните реденици со чкрипење им се триеја од стомаците.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Сврделот“, ми вели овој козарот наш, курирот нивни, „пред мои очи му го тргнаа куршумот, му ги соблече палтото и чевлите и мене ми нареди да го закопам, ни збор да не сум рекол никому и да си се вратам в село...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)