ги (зам.) - сними (гл.)

Во еден момент, сакајќи да ги сними еленот и срната засолнати под големиот даб Ивона зачекори во празно и се струполи во длабочината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ги сними ли барем? - Да, заедно со мојот пад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа, станувајќи, во широк круг ги сними и другите планинари во кампот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу кадри на вртелешката ги сними камерата од долниот агол.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да ја подигнеше главата за само еден инч - ќе беше готов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Телефон, телеграма, телепринтер, автомобили, реактивни авиони..., денес, на крајот на индустрискиот период, голем број дигитални техничари и голем број менаџери во компјутерската индустрија не се свесни дека живееме во “сајберкултура”, опкружени со неограничени слоеви информации, коишто може поединецот, со помош на сајберопрема да ги дигитализира и да ги сними. 78 Margina #17-18 [1995] | okno.mk u Зошто?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Младиот Хичкок од Госпоѓата што исчезнува, со весела природа и полн со полет, не би бил способен да ги сними чувствата кои Џејмс Стјуарт ги носи во Вртоглавица, дело на зрелоста, лирски коментар за односот помеѓу љубовта и смртта. 16 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Навистина, тоа е еден од ретките whoodunit-си што сум ги снимил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ж: Свесно некој не ги снимил... Точно таму лежи зајакот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Видете, пред да му отидам на гости на г-дин Ракот, отидов во продавницата од каде тој го беше купил грамофонот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)