ги (зам.) - снајде (гл.)

Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите нив во 1941, во деновите кога Србите побегнаа од Македонија а Бугарите сè уште не беа дојдени, ги снајде голема несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Изненадеж ги снајде, кутрите, додава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Плашејќи се да не ги снајде смртта сите во чунот, Дејко се врати в село.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но луѓето не заминуваа, туку сѐ повеќе надојдуваа и го обградуваа училиштето и чекаа што ќе биде, како ќе се реши оваа неволја што ги снајде, овој спор, кој по пробивање на фронтот, се отвори меѓу Кралството на СХС* и Албанија: каде ќе припадне селото...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја испратија својата душа таму горе, некаде на небото, каде што ќе ги снајде вечноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не се снаоѓаат со себе, па бараат друг некој да ги снајде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Одназад сите зазбивтаа. По некој заостануваше. Оние од придружбата се погледнуваа еден со друг, ги снајде мака.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзе ѝ е испомешана сликата и од тоа што пак се појави Костадин, устрау да го удре, се завртува да ги затутли внучињата да не настинат, а тој седнат веднаш до неа, си ја чеша небричената брада божем се чуди што ги снашло.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Каде? Прудолу... Гласот ѝ секна. Со раката замавна пред очи и по подолго молчење, прошепоти: - Големо лошо и страшна несреќа ги снајде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека тогаш бев заклучил оти само слабаците не се прекоруваат себеси поради несреќата што ќе ги снајде нивните блиски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А еден од другарите што го одведоа ни рече дека сите народни непријатели ќе ги снајде она што го снајде Симо Чардаклија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стаса владиката со пајтон од градот, се собраа луѓето околу него да чујат што ќе им рече, што ќе им советува во ова зло што ги снајде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)