Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе ги смукаат, ќе шмрчкаат, ко настинати и ќе ја фрлат лушпата, нескршена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во врелината на треската сѐ е зелено, и мирисот и шумот. Веќе нема земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неверојатни беа нејзините прсти... како линии светлина врз секоја страница што ја минуваме... Би ги лижел... Би ги смукал...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)