Од бањата, кога се туширам, гледам низ прозорецот: и тука има маса и столови, но излупено бели, ’рѓосани, попрскани со капки од скорешниот дожд и со ливчиња, како домаќинката да не стигнала да ги смете по заминувањето на гостите.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тогаш, нормално е, просечниот гледач да очекува дека во еден просечен американски филм од жарнот акција, драма, хорор или научна фантастика, во некој кадар, ќе го здогледа откриеното или полускриеното знаме на USA.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја зеде ронкарката метла, ги смете ронките, им тури пак вода на рацете, кладе борина, седна покрај оган и ја запна фурката да преде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Татко ти таа вечер ми рече: „Постојат и такви глупости што не можеш со обична метла да ги сметеш“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Доста ја крена софрата, Митра ги смете ронките и ја побара фурката, запна нешто да „врцне" денеска — дури да стасаат булињата за печење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече: — Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)