Паулина остана да стои покрај ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ние зборуваме, тој само ќе ја поразгори цигарата и пак удира со теслата, ги сложува лактиштата, ги лепи. ־ Добро, бре луѓе, вели Дуко по некое време, мора да се прекрштаваме?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кубицираме, што се вели, ги сложуваме ко цепеници мртвите, труповите нивни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ана рече дека ќе ми ги подава предметите кои треба да се фрлат, да ги ставам во кутијата со непотребностите, а таа ќе ги сложува избраните предмети во кутиите кои потоа ќе ги испратат по пошта за Лондон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стихувај ме тихо, велиш ти
од другата страна на заменките
глаголите се ту повратни, ту неповратни
бирај со кого и на кој начин
ги сложуваш времињата
и ги менуваш (за една ноќ)
именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Да ги сложуваш тие луѓе и да ги редиш на рафт како актофки, не е ни вештина ни новост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)