- Кој ги скрил? - Кој ќе биде, ако не Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бараше од нив со себе да ги скријат сите знаци на поранешната примапдност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Лицето му добило решителност, ако рацете, му се тресат од умор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Знаеш што ми рече најстариот син ова попладне?“ - го фати рабинот својот пријател за раката: „Бевме во синагогата да ги скриеме реликвиите, а тој е веќе доволно возрасен за да ги споделува проблемите со нас.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гледај каков си: сиот прав и крвови - си реков.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Не, првин треба да се измијам и да се преоблечам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Така и сторив: се измив, се преоблеков, а валканите панталони и маицата ги скрив во купатилото, мама да не се исплаши, кога ќе дојде дома.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Колку и да сакаше Татко да ги скрие својата внатрешна болка, својот пораз, во градот покрај реката, Мајка веднаш сети дека се случило нешто мачно. Ја насетуваше неговата драма.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А зошто ги скрил таму куршумите?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Или навистина стануваше збор за обично влакно на полноќен гуштер? (Една од оние влечуги со коса низ која поминува патец од челото па сè до окото на опашот) А со перчиња збрани во плетенки што се влечкаат под шарената утроба на гуштерот Најпривлечни се сепак скапоценостите што сонот ги чува и оние што сонот ќе побрза да ги скрие кога ќе ги допре нашето будно око.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Студениот мрак ѝ ги скри говедата од пред очи, од погледот, патот ѝ го препречи... ...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И да посакам ни чекорите не би можел да си ги скријам. Низ куќата шетаме по налами.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа ние докторите ги посетуваме пациентите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Просенија последен пат некаде угоре, тоа дека беа над него го сети само по болката во преоптегнатиот врат, прошарија низ белината, која што немаше никакви други димензии освен таа вртоглава длабочина на матежот, која стануваше уште побездона од тоа, што имаше нешто во што можеше да биде впиен заталканиот поглед таму, под паднатото небо, кое не се разликуваше по ништо од наврнатата земја, се мернаа уште некој пат, а потоа врнежот се заклопи за нив и бесповратно ги скри.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некој како да сакаше да ги скрие дури и остатоците од својата жртва.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Болест, Јоне, голема болест фати, велам, немаше кај да ги скријам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас само ја потргнувам шамијата над челото, барем очите да ги скријам, да не ги гледам луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Накај девет часот изутрина, имено тогаш кога улиците се прекриени со оние што одат в канцеларија, тој започнува да дели такви боцкави удари по сите носеви, без разлика што кутрите чиновници апсолутно не знаат каде да ги скријат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој просто не знаеше што да прави, каде да ги скрие рацете, нозете и целата своја фигура; најпосле седна покрај оние што играа, гледаше во картите, се загледуваше во лицето на еден па на друг и по извесно време почна да се проѕева, да чувствува дека му е здодевно, дотолку повеќе што веќе одамна настапи времето кога тој, според обичајот, одеше на спиење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Претпостаувам дека кога за првпат Дишан почна да ја следи Жариевата патека, тој не вложи голем труд да си ги скрие изворите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Таа го поткрена мевот и им направи место да ги скрие под себе, држејќи го сè така погледот во кучето, кое исто така не ја испушташе од очи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој, кутриот, се најде на проклетиот гол остров и покрај тоа што книгите кои се однесуваа на Русија, Советскиот Сојуз, Ленин, Сталин и други добро ги скри: некои ги закопа во сандаци под земја во дворот, а другите, најопасните, убаво ги заѕида во самата библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа баба ми ги скрила прашалките од мене за да не одам на гробишта.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во салонот сѐ уште имаше воздух, тие сѐ уште можеа да го видат него и тој нив, но за сето време тонеа надолу, надолу во зелените води кои за некој миг мораше да ги скријат од неговиот поглед засекогаш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лицето - череп брзо ги скри рацете зад грб, како да сака да му покаже на целиот свет дека го одбило подарокот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како да носел секој ден сѐ исто, едни пантолони и една кошула, и еден џемпер и виндјакна зиме, а сега ги немаше, ги скрил или ги фрлил.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ѕвезда се згуши до мајка си. Солзите да ги скрие.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Веднаш ги забележа и солзите... колку и да се обидуваше Марија да ги скрие.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но таа го виде само едното дете прободено, додека другите две свекрва и успеала да ги скрие во кочината, та не ги нашле, и тие останаа живи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мајка се сеќаваше дека еднаш Татко, во времето на рациите по куќите за кои се сомневаше дека се чува сталинска литература, не само што ги скри книгите за Сталин туку, меѓу светите книги, постави книги на Маркс, Енгелс и Тито.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Размислував тихо. Настојував своите размисли да ги скријам дури и од себеси.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Исплашени сестри, и мајките тажни, насилие турско да избегнат тие, и од нас се кријат во јамите влажни, и бегаат в ридје, та рид да ги скрие.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Погледнете ги губитниците! како да ни довикуваа бесните пци околу арената без да си ги скријат забите зад оклештените муцки.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
3. На крај село куп од земја стара цигулка на неа место име, место знак Ноќе ветрот цигулката ја искрева над класјето и плаче но патот зелен што ги скри Циганите...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Најнакрај, сите сме стуткани во солзите што се мачиме да ги скриеме. Оваа мугра аеродромот е собирен центар на влажнооките: едните овлажнети од тукашнината, другите превлажнети од тамушнината.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Минатиот ноември ја доби Сименсовата награда за медиуми, 20.000 марки, коишто најверојатно ќе ги скрие во својата куќичка во Lawrense (Kansas). 8 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се погоди, жена ми не беше дома и јас ги скрив тие парите на едно место во оџакот зедов на решото да стоплам едно грашиште останато во едно тенџере.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не знае во кој џеб, во која пазува да ги скрие.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Служителот дал набрзина заклетва и потоа отворил повеќе плочи на празни гробови и ги скрил пушките и барутот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)