ги (зам.) - свртува (гл.)

Доста очите не ги свртува на друга страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ги свртува очите угоре и долго време гледа во десниот горен агол од прозорецот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таа читаше со јасно лице, но како да се беше оддалечила во својата фотеља, така што нејзиниот глас престанува да се слуша, макар што усните се движат и раката ги свртува страниците.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го става писмото в џеб и ни ги свртува плеќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прошетав низ едниот, потоа низ другиот ходник, а кога втасав кај скалите наеднаш ме напушти волјата да се качувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние што пред тоа трчеа да ме пресретнат сега ги свртуваа главите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ова им го правам на најшумните - објаснува таа и ги свртува кон мене окрвавените муцки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-На оние помирните, им ги скратувам само јазиците - дообјаснува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот ги свртува кон него само очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И гледа, полека, полека си ги свртува овците кон она место, кон онаа пољанка каде го фрлил лебот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој ги свртува плеќите и јас испукувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И едно фати, друго фати, ми ги зема од раце и ми ги свртува во клобурците, ги понесува. Јас лелекам, се траштам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)