ги (зам.) - сврти (гл.)

Ги свртивме погледите кон братот партиец, кој се бараше нешто да рече, па на крајот енергично пресече: – Пишете, место Сталинка, Слободанка, за нас Сталин значи слобода!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неколкумина ги свртија главите натаму и пак ги исправија, гледајќи во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Последниве денови се слушнаа гласови дека властите, или некои луѓе од власта, сите води од рекичките и од изворите кај Дарванскиот предел што доаѓаат кон Маказар, ќе ги свртеле за потребите на некој рибник што некој бизнисмен ќе го градел на патот меѓу Ресна и Монастир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги става очилата со тенка позлатена рамка и посебно се задржува на два кратки новински портрета, едниот проследен со цртеж на нејзиниот млад лик и другиот со нејзина поскорешна фотографија на која позира, благо насмевната, со флејтата во рацете; две содржини што ги чува како посебно значајни во албумот, кој инаку, постојано стои во салонот, како декор за масата, но и како тивка покана за посетителите на овој салон да ги свртат неговите страници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вистинската привлечност на игрите со зборови, според Жан Пол, е „зачуденоста над случајот што се движи Fabrizio Clerici-Римски сон низ светот играјќи се со звуците и деловите на светот“, и „слободата на духот што сјае од нив, и во состојба е погледот од нештата да ги сврти кон нивните знаци“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа ги сврте сите слики со лицето кон ѕидот зашто не можеше да си ги гледа, како што не се осмелуваше ни да се погледне во дланка вода, а не пак во попатно огледало.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога артилерците ги свртеа цевките на своите топови кон противникот, останаа зачудени: во секоја цевка - маслинова гранка!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На пример, машката геј-култура и себеси си ја лепи етикетата „мелодраматична“, а не само на оние на кои им се потсмева, со што подметнува стап во спиците од тркалото на општественото обезвреднување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттаму е и склоноста на машката геј-култура да им исклеса на своите учесници апсурдно преувеличен, претеран, деградиран женствен идентитет, кој истовремено е и ироничен, јасно наменет да поткрепува една поширока стратегија на политички пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура по правило зазема некоја абјектна положба само за да ја редефинира, да ги обрати вредностите што се поврзуваат со неа, да заземе иронично растојание од нив, да ги оспори, да ги сврти против нив самите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отпорот кон него ни налага да се зафатиме со него, да најдеме во него вредност и да измислиме можности за самоафирмација во ограничените, но многу стварни можности што ни ги става на располагање, во кои спаѓаат можностите за манипулирање со него, за негова пренамена, негово предоговарање, преозначување и изопачување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои ги свртеа погледите кон нас кога влеговме, други продолжија да гледаат кон каде што гледаа - во таванот, кон подот, или мижеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа остана во истата, неподвижна положба, само ги сврте зениците кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти треба ли нешто?,“ ме праша. Одмавнав со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Војниците ни рекоа да си одбереме некој од слободните кревети, па излегоа од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ќе ги свртат пушките кон нас и нема да прашаат дали сме виновни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни тогаш ни подоцна не се разјаснило дали Онисифор Проказник не знаел дека тоа ќе се случи или чекал најпрвин да се случи па потоа да се обиде да ги сврти луѓето против другиот Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Прав е Каменчо, се согласил Чучук-Андреј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тиа, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите. Навистина можев да здивнам. Привремено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чекај да скокнам, белки господ затоа ми ги свртел очите на таа страна. Те донесов, право е - чинев, мртов си.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш ги сврти шесте бројки, но со толкава напнатост и со толку брзање, што не беше сигурна дека тоа е нејзиниот домашен број.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ноќ, во некаков френетичен напад, Марија ја искина литографијата на генералот во трпезаријата, ја шутна со сета сила пред вратата која водеше во дворот и се фрли на подот облеана во крв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Расправата за културниот идентитет им овозможи, значи, на колонизираните народи да се ослободат од миметизмот, понижувачката пародија на освојувачите да ја заменат со истакнувањето на својата различност, и начините на живот од кои требаше да се срамат да ги свртат во нешто со што ќе можат да се гордеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А тие, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На небесниот персонал од иконите сето тоа ќе му е мошне здодевно; но светците не ќе можат да ги свртат главите на друга страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се упатив кон првиот телефон. Набрзина ги свртев броевите на резиденцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот очајнички глас ги задржа и свирачите и играчите, та сите ги свртеа очите кон вратите. – Охо-хо! – се провикна кадијата гледајќи кон Анѓа. – Убаво грло имала, машала, нашата нова анама.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога го постави прашањето, таа ги сврте очите во татка си и тој го прочита нејзиното прашање: Што велиш, да се потурчам да не те погуби кадијата?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите ги свртеа очите кон третиот колосек и таму, навистина, го здогледаа речиси распаднатиот вагон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го опфати, му ги сврте на грбот рацете и го држеше така.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заборави го и балот! – Како да го заборавам кога тоа беше мојот прв бал во животот! – Не, јас не се сеќавам, не сакам да се сетам дека си тан­цувала со грофот Чано! – Како не се сеќаваш, кога очите не ги сврте од нас додека танцувавме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога ќе се смиреше Наќо, отец Иларион ќе му ги ослободеше нозете од штекелот и му даваше да чита разни црковни книги: житија и чудесија на светци, ангели и апостоли за да ги сврти мислите на нив, да не мисли на фронтот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стоеше бледа и остарена со револверот што му го дадоа во таа ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заедно ги свртеа очите кон неа и заедно видоа она што не очекуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од ендекот на друмот се појавија тројца Германци, ги свртеа шмајзерите во него и едниот викна: - Халт!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Германскиот офицер искомандува. Војниците ги свртеа револверите, пушките и шмајзерите во селаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стевчо и Иван си ги допреа грбовите до ѕидот од плевната и си ги свртеа лицата кон првите сончеви зраци.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сврти ја земјата наопаку, истури ги сите води, дупките наполни ги со сѐ што е живо, пушти оган да ги претвори во мрши, да ги засмрди, да ги сврти во пепел, па ветер да го развее пепелот по црни неба.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
За време на целиот период морав повремено да легнувам и да ги свртам своите мисли кон “внатрешноста” за да ја доживеам бескрајната различност на визуелните појави, кои ги нагласуваше музиката што ја пушташе Френсис Хаксли. okno.mk | Margina #10 [1995] 91
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пубертетлијата како да ги погоди моите мисли, ги сврте двапати околу раката синџирот и истапи чекор-два пред другите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Заедно како по договор ги свртеа главите назад, погледнаа над ѕидот под мисериштето. Немаше никого.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Србин и Шишман веднаш штом сфатија што им вели Чакарвелика, ги свртеа полека главите назад кон планината како да ќе видат нешто од тоа што го чуја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И, тие ќе си ги свртат главите од кај мене и ќе застанат да ме чекаат. — Ајде, Небеска! — Идам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Германците ги свртеа камионите и ајде назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога артилерците ги свртеа цевките на своите топови кон противникот, останаа зачудени: во секоја цевка - маслинова гранка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)