Сите со смеа го спомнуваа прочуениот гарнетист Енвер-чауш, кој во пазарните денови толку се занесуваше и на мегданот пред Капан-ан ги свиреше своите мајстории пред пазарџиите и амалите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На таква хармоника Луис Карлос Лопез ги свирел солзите на сиромасите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Направив неколку поусовршени верзии на таа првична ракавица, меѓу другите лани и онаа, со која што ги свирев гитарските сола на Џими Хендрикс.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
АРСО: Како ќе ги свират свирките, така ќе ги мрдаш нозете. (Го фаќа за другата рака и му шепнува.) Ајде, орото е — крајот...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СИТЕ: (Играат, пеејќи.) Јовано, Јованке, крај Вардара седиш, бело платно белиш, сѐ нагоре гледаш, јагне, мое Јовано. Јовано, Јованке, јас те тебе чекам, ти ми не доаѓаш, ти ми не доаѓаш, јагне мое Јовано.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Езерото ги свири ко дирки од свое пијано. Негови сме сега. Музиката мами риби.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)