ги (зам.) - сведува (гл.)

Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се пишува за другите земји е некој вид на прикриена непристојност, што не само што ја подразбира вербата во тоа дека личниот поглед врз нештата е ненадоместлив, туку и несведливите нешта ги сведува на мртви крпчиња испишана хартија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Токму поетиката – општествената и формалната анализа на разните видови или конвенции на дискурс – е таа што, уште од Аристотела наваму, ни давала систематска анатомија на жанровите. ‌Определувајќи ја поетиката како категорија врз основа на која сум решил да ја врамам и насочам анализата, сакам да нагласам дека оваа студија пред сѐ ќе се сосредоточува на општествените и на културните облици во нивната позитивност, како автономни предмети на описот и на толкувањето и нема да ги сведува на обични изрази и производи на општествениот процес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)