За неговата појава во светската драматургија теоретичарите ќе напишат: „... Ги руши сите норми на класичниот театар, отфрлајќи ги потребите од логика во дејствието, во психологијата и јазикот на ликовите“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Оваа неблагодарна задача, да се оценува некого кој веќе е признат за неприкосновен големец, почна видно да ги изместува нејзините естетички погледи, да ги измрдува и разбива, како што до пред малку мислеше, нејзините цврсто востановени критериуми за вредност, да ја прави несигурна во проценката, да ги руши нејзините критичко-теоретски сознанија, да ѝ го руши угледот пред останатите студенти.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Просто гледам како одговорот што го наоѓам ги руши сите филозовски системи наназад како бескрајна низа од карти: една карта урива друга и така со ред наназад.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Потоа секој ден доаѓавме во полето и ги уривавме тие проклети штички што во приквечерно време личеа на крстови, што измамуваат како гробишта, ги рушевме и ги палевме по угарите целата пролет.“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Уште позначајно е што тој ги руши браните меѓу критичарот и публиката, во секој случај помеѓу професионализмот и аматеризмот во областа на уметноста.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Анаморфозата ги руши елементите и формите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ќе почнам со тоа дека тој всушност се вика Raymond Pilon и роден е тука некаде во околијата на Монтреал, во квебечко-француско семејство, во знакот на Лав. Lazer упатува на ласерски зрак што пробива и најотпорни материјали и ги руши сите пречки, иако го користат и за лекување.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)