Сите глупости што сега му паѓаа напамет без никаков посебен напор, а на кои никако не можеше да се сети кога на училиште од него бараа точно да ги репродуцира за да ја поправи оценката, за нејзината конкавна (или пак беше конвексната) слика (т.е. двојката) да ја врати од главечка во нормална положба (т.е. во петка).
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ако одвреме-навреме фрлав понекој прек поглед кон постоунволскиот геј- идентитет и кон политиката, книжевноста, музиката и сексуалноста што црпат од него, тоа го правев не толку поради личното убедување колку што го правев поради експерименталното устројство, устројство што подразбира испитување на она што отпрвин ми личеше на контраинтуитивна хипотеза: дека Златните девојки можеби, сепак, ни е побитна од Едмунд Вајт, дека Очајните домаќинки можеби ќе излезе понастрана од Настран ли народ (Queer as Folk).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да ги објаснувате нејзините средишни обележја, само ги преискажувате и ги репродуцирате.
Затоа, јас ќе треба да објаснувам.
Моето објаснување ќе се ограничи на мал број примери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изобилни се квир-студиите на популарните медиуми, но речиси сите се сосредоточуваат на културниот објект и прават негова идеолошка критика, покажувајќи како тој објект го обликуваат и како ги репродуцира режимите на хетеронормативноста (или на расата, на класата и на нацијата) и/или како им се опира.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, исто така, ме побудуваа и шокот и разочараноста поради тоа што револуционерното движење на сексуалното ослободување и на политичкото бунтовништво слегнале и станале помирлив, во суштина конзервативен облик на идентитетска политика што не се стреми толку да го смени светот колку што сака да си заграби поголемо парче од него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Додека се потсетуваат на она што стрејт-мажите го заборавиле и додека го реконструираат, додека свесно ги репродуцираат изведбите за кои стрејт-мажите веќе не се свесни дека ги изведуваат, геј-мажите неминовно согледуваат што е тоа што хетеросексуалната култура го смета за природен и автентичен идентитет – за облик на суштествување, за суштина, за ствар – општествена форма: изведба, настап, улога.
Има други фактори што објаснуваат зошто геј-мажите се склони да ја доживуваат мажественоста како општествена норма, а не како природна онтологија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали тоа јас, инсистирајќи на опстојната релевантност, моќ и, навистина, мудрост на голем дел од традиционална машка геј-поткултура, сум ги изневерил револуционерните дострели на геј-ослободувањето, сум го отфрлил новиот геј-идентитет што го создала и сум ѝ свртил грб на нејзините цели за општествена и индивидуална преобразба, сосе нејзините оригинални културни творби?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку помалку имаш секс, вели таа етика, толку тој ќе има поголемо значење, а она што треба да го посакуваш над сѐ во сексуалниот живот не е задоволството, туку значењето, значењето за сметка на уживањето, односно значењето преку исклучување на уживањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А: Но тоа е чудно, нели ?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Така е. Сега ја разбирам кваката.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во таков случај грамофонот не би ја исполнувал основната намена, а таа е да биде совршен во таа смисла што ќе ги репродуцира сите звуци па и оние кои се фатални за него, што јасно, е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Фино,фино... можеби тоа е некакво објаснување.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можеби не бил баш совршен грамофон во смисла дека би можел да ги репродуцира сите можни звуци.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Чекајте? Знам! Можел многу лесно да ве надмудри ако зел некој Лоу-Фај грамофон, така што грамофонот не би бил способен да ги репродуцира звуците кои би го растуриле.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој едноставно не можеше да ги репродуцира звуците што беа снимени на плочата, затоа што тие звуци го тераа да вибрира силно сѐ додека не се скрши.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Така ќе ги избегнел вашите замки.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Глобалниот град се појавува како нова граница, гранична зона (како простор создаден од дисконтинуитетите, во кој дисконтинуитетите добиваат терен наместо да останат линија на разграничување) што резултира во создавање на нова топографија на централност и маргиналност, „којашто ги надминува националните граници и старата поделба на Север-Југ“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сложеноста на два система може, теориски, да се спореди со пишување на два најкуси можни компјутерски програми кои можат да ги репродуцираат изворните податоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)