ги (зам.) - растури (гл.)

И кога сите овие работи ги растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе очите и проговори: — Е, море, тоа е сега. — Но пак почна да се брани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Хахаха! — се насмеа самодоволен онбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да се надевав дека нејзиниот одговор ќе ја намали неизвесноста што не притискаше, ќе ми ги растури ужасните претпоставки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му ги растурила песните и му ги гази на земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури ни Неговата добра волја не ги решава секогаш дилемите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше право. Не постојат правила што ќе ни помогнат да ги растуриме тешките наслаги што ги трупа врз нас животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги понесе ветерот и заедно со снегот ги растури.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Квечерината јас и Саше игравме „дама“, кога, ете ти ја Бреза, ја отвори вратата со нога и се втурна кон нас. - Ќе биде беља - си помислив - сега ќе ни ги растури фигурите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одлизгувањето наваму – натаму ги растури благите пламења на срцето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сега ги нема. Ги голтна лошата судбина и ги растури по светот. Ги тргнаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Раскажувам за секој род, куќа и сокаче и затоа дека во времето на граѓанската 43 беа мобилизирани од кои 29 загинаа, 54 деца однесени по државите, 7 фамилии пребегнаа во Костур и Рупишта и сите други лошото ги витоса и ги растури по светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во кои земји? Во кои непознати ширини на светот ги растури времето?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лабавиот колан на пушката му се лизна од рамо, долгата цевка се заринка во јагликата и не ја откорна, туку ѝ ги растури златестите круни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој ги растури карамелите пред себе и почна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Учителката ги растури чипките од масата и рече задоволно: - Девојчиња, денес ќе учиме везење. Сакате? - Сакаме! Сакаме!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Човек не знае кај ќе ги скине конците, кај ќе ги растури коските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)