На Рош Хашана, враќајќи се дома од каалот каде што го остави татка си со другите бели глави од маалото и од веќе затворената чаршија да ги расправаат новите времиња и чудните сплетови на историјата, Јаков го најде малечкиот среде двор, со главата и погледот кренати високо кон посивеното небо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го потслуша тоа една вечер, кога се врткаше во бавчата, а жените си ги расправаа пред порта своите обични прикаски.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)