Податоците ги поделив на области на сродни поими и постапки и ги распоредив според нивната субјективна важност - односно. според впечатокот што го оставија на мене.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Заедно со одговорниот таа ги распореди по куќи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги бројам другите што ми останаа, за да ги распоредам. Ве молам да не ме будите!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа се случи на првиот час. Учителот Мирчевски ги распореди своите ученици: помалите напред, поголемите назад.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Претпазливо, како секој искусен стратег, ги распореди своите единици од Скочивир до Беловодица и почна претрес по целата Селечка Планина и Смечот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги распоредија по куќи и им рекоа да почиваат до квечерина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако ги претресе селата по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" — старо Мариово, по десниот брег на Црна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)