ги (зам.) - раскажува (гл.)

„Ништо, ќе јадеме од моите бонбони“, рече Оливера и продолжи да ми ги раскажува лекциите по географија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред Оливера излегов наивен и глупав, зашто сето тоа ѝ го раскажав, се извинував, се разоткрив неспособен самиот да се приготвам за на есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А и јас не се сетив кога бев во продавницата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- А тој дедо Спасе знаел многу приказни и често му ги раскажувал на внучето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А Славчо си мислеше дека Сурко разбира што му се зборува, па затоа приказните што ќе ги чуеше од баба си му ги раскажуваше нему.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Луѓето толку немаа што да си кажат, така што почнаа да си ги раскажуваат соновите што претходната ноќ ги сонувале, иако и тие не беа многу интересни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Драгица Најческа Друга мајка (1979) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 На ист начин како и мене кога бев мала, мама навечер, пред заспивање, ѝ ги раскажуваше на Ели, моето малечко сестриче, долгите приказни за Пепелашка, за Ивица и Марица, за црното кравајче...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние сите наглас ќе ги раскажуваме нашите истории и веќе од ништо не се срамиме. Јас сум, знаете, стрвник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ѓавол да го земе, та гробот значи понешто!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не попусто знаеше тој по цели ноќи да ги раскажува оние романи, што беше ги читал одамна, пред војната, во весниците, во кои секој секого го убива, или пак само некој некаде е убиен, а после сѐ друго се врти околу тоа, сѐ додека не се разврзе на крајот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, новите епизоди од мојот живот ќе ти ги раскажувам дел по дел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седнам ли да ги раскажувам, ќе дочекаш длабока старост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Чувствував некој страв од ѓаволи, од вампири, од мечки, тие беа и во моите соништа, исти како во приказните што постарите ми ги раскажуваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа се поднамести на удобното седиште, заземајќи став кој на кажувањето му придаваше нијанса на особена важност , внесувајќи се со погледот во длабочината на крупните црни очи на госпоѓа Мариела, додаде: „Можеби нашите животи се само обични приказни што некој ги раскажува!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги бележеше и ги паметеше најситните поединости, а ги раскажуваше и ги објаснуваше со извесна поетичност и патетика.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Богуле го слушаше со отворена уста сиот внесен во она што го раскажуваше Илко и чувствуваше некое задоволство и радост што дедо му, нему, како на возрасен, му ги раскажува овие работи. X Камбаната на црквата уште од зори удираше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Крсте се покажа повреден од Стојана и Нешка и секој одмор тој им ги раскажуваше задачите, а тие слушаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
После нас приказните секој ги раскажува така како што му одговара.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А колку грама тежи оваа сирота, напатена, уморна душа, знае само тој што дава живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако навистина во вашите книги ги раскажувате вашиот живот на детството и младоста, бездруго тоа треба да претставува и голема среќа што сега ја претставувате вашата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, многупати, настаните кои ви ги раскажува самиот живот, се случуваат без ваша волја, најчесто определувани од богот на случајноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знаевме - приказните ги раскажуваат бабите, а дека знае да раскажува и книгата-не верувавме!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мнозина се научија да ги прочитуваат содржините на книгите и да ги раскажуваат пред наставниците, иако не прочитале ни ред од книгата!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ја засакав оваа книга, по стопати ги читав песните, многу од нив веќе знаев и на памет, но најинтересно ми беше тоа што во напишаните песни ги препознавав чудесно убавите песни што знаеше да ни ги раскажува баба Велика.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Лелеее, - си помислив, - сега ќе почне да ми ги раскажува своите „истории“ како што самиот тој си ги нарекуваше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имав намера да си купам нова, подебела од претходната, во која ќе ги раскажувам доживувањата што допрва ќе се случуваат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На дедо ми за тоа време како да му секнуваа сите прикаски што знаеше толку убаво да ни ги раскажува, а баба ми Ѓурга како да стануваше молитвен дом.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)