ги (зам.) - разјасни (гл.)

Во оваа статија јас ќе се потрудам да одговорам на тие и на многу други слични прашања и со тоа, според мојата сила, да ги разјаснам научните основи на националниот сепаратизам, како и да покажам на неправилноста на тие приговори што се поставуваат од неговите противници, коишто со тоа сакаат да го компромитираат него како нешто вештачко.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е речено, без причини, дека вистинските мистерии се кријат само во надежите! дополни Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во право си, прифати Камилски вистина е дека има мистерии кои духот може да ги насети, но никогаш нема целосно да ги разјасни!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За нас е важно тука да направиме разлика помеѓу „конструктивниот алтернативизам” на Kelly и Kant-овиот конструктивизам бидејќи Rychlack настојува да ги разјасни овие две епистемолошки позиции.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ разговор со пријател човек може да си олесни, да си ги разјасни работите, да се ослободи од стравот дека е потиснат во некој агол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Судот, ако тоа е потребно, со странките може да ги разјасни правните прашања на спорот (чл. 283, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претседателот на советот, односно судијата поединец, со поставување на прашања и на друг целесообразен начин се грижи во текот на расправата да се изнесат сите решителни факти, да се дополнат нецелосните наводи на странките за важни факти, да се означат или дополнат доказните средства што се однесуваат на наводите на странките и воопшто да се дадат сите разјаснувања потребни за да се утврди фактичката состојба важна за одлуката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во анализата на состојбите на Балканот посебно внимание експертите на Форин офис обрнале на терминолошките разлики.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, тој сметал дека е неопходно и без многу двоумење „да им ги разјасниме на Русите нашите посебни интереси во Источниот Медитеран, а оттука и во Грција и Турција, воедно и нашите интереси каде било на Балканот“, но потенцирал дека „со секој преземен чекор“ Британците би морале да бидат „многу внимателни и да не оставиме импресија на директен предизвик“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Игор Лозински продолжи: - Големи загатки ги следат јагулите на нивниот пат, кои човекот не стигнал да ги разјасни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Значи, највнимателно се обидов да ги разјаснам постоечките околности.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако е така со пиперката, зошто со бозот да биде поинаку? се обидуваше да ги разјасни проблемите на бозот и чајот, братучедот на татко ми, Илјо, оној со влакнести џбунои по лицето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)