Бројни се дипломатите, кои на овој начин ги откриваа непријателските замисли и потоа ги оневозможуваа; бројни се воените раководители, кои со истата метода ги добиваа битките или навремено бегаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Арслан бег не го сфати најдобро Дамчета; смеејќи се гласно си ги разоткри намерите: Ќе си најдам, тики ако сите вие ми дадете само по еден филџан сол, мене ќе ми се собере цело буре.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас, од своја страна, откако го испитав ова средство во практиката, можам да засведочам дека сосема неодамна, деновиве, благодарение на истото, ги разоткрив неисправностите во службата на началникот на полицијата и заради тоа, го отстранив од должноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа сите надворешни облици на храмовите исчезнаа за да ги разоткријат внатрешните капели и светилишта.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
-Ништо не е тешко за луѓето коишто сакаат да ги стават работите на свое место, да ги разоткријат вистините.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)