ги (зам.) - разнесе (гл.)

Студен есенски ветер подувна од север и на черешата и ги откина лисјето и ги разнесе низ селските сокачиња...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Грмежите од артилериските ѓулиња ехото ги разнесе по трапиштата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога си ја чешлам косата, влакната кои отпаѓаат никогаш не ги фрлам надвор, зашто пилците веднаш ќе ги разнесат, од мојата коса да направат гнездо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Среде жито стасано до жетва се изделуваше осамено пламенче - стракче црвен мак. Безутешно: топол ветар во пладнето му ги откина листенцата, му ги одвеа некаде, ги разнесе...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ние се заколнавме да загинеме заедно со оние што ги разнесоа бомбите. - Е, ние не загинавме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога мајка ми разбра, пред душа да испушти, ме заколна таму да појдам, да ги пронајдам... врз нив камења да награмадам, коските нивни мршојади да не ги разнесат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Знаев едно глуварче Меѓу розите сакаше да е И во нечиј дом убавина да внесе Неговите мечти ветерот ги разнесе... 1997
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)