ги (зам.) - разголува (гл.)

Пак е Марко во улогата на благ изобличител на неговите занеси, сега само малку поопипливо ги разголува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А тој сѐ уште ги гледа, ги пронижува со погледот, како да им навлегува во главите и им ги разголува мислите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Заборавен за тоа што е околу него, паѓа на колена, вцрвенетите клепачи ги разголуваат зениците стаклено сини и раката замавнува и со секој удар во празнината ги свива силно усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но само еден со стапки кришум сторени ко крадец некој го граба моето бреме, и ги разголува, ги корне моите корени, па јас се чувствувам дека сум живот и време.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Затоа ѝ го спомнав она за пиралката и за далечната пра-пра-прабаба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или да си ги разголува градите, рацете.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си ги разголува градите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се дрма со толкава сила што си ги отргнува завоите од вратот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Прета двојно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)