ги (зам.) - разгледува (гл.)

Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дики (Од масата зема некакви тетратки и ги разгледува): Да му ги запалиме вибромасажерите, само не знам каде ги крие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што мислиш, Дики, како да го казниме?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Преку значајните движења на виртуелната реалност (врз основа на вртење на главата и придвижување на податочната ракавица) примателот „патува” по четирите соби-светови, од едниот во другиот, ги разгледува симболите во нив и ги испитува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој музеј е всушност програм на компјутерска графика, кој воспоставува симулација на голем музејски простор и четири помали музејски соби.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како примателот се среќава со ова уметничко дело?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Слично како во светски познатата, на многубројни изложби поставена Shaw-овата инсталацијачитлив град, тука е и 3D компјутерската, симулациска графика на просторот, во кој лебдат букви и зборови, значи текстуални облици, коишто гледачот ги посетува врз основа на своето навалување (на пр. само завртување на столот), ги разгледува од сите страни, се вози околу нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Достатно е само да ги разгледуваш улиците, старите згради или, пак, да се впуштиш во бесцелна прошетка низ метрото, во кое сѐ е електронизирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време околу камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво значение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа почна да ги превртува и да ги разгледува штиците што го составуваа леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
7) на две страни(или повеќе) скицирајте некој лик, служејќи се со предмети, предели, временски состојби итн., со што би му помогнале на читателот да го согледа тој лик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За време на вечерата, на пример, еден од ликовите побргу ќе ги разгледува работите на масата, друг ќе се интересира за некои други предмети или ќе гледа низ прозорецот. 9) Немојте да правите грешка против добриот вкус, опишете ја личноста а) која оди во бањата, б) која повраќа, в) која убива дете. 10) Опишете, без иронија, некој лик во моментот кога жестоко се брани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Учителката врвеше од клупа до клупа и ги разгледуваше цртежите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Учителката врвеше од клупа до клупа и ги разгледуваше цртежите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ова се рефлексии за урнеците. Понатаму нема да ги разгледувам националните карактеристики во скорешната уметност. Направете го тоа сами.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Мораш да ---“ „Не ме гледај.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ајде сега, душо---“ „Не ме гледај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ќе ми ги разгледува документите.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Слушај ---“ „Ти погледнуваат во документите, па погледнуваат во тебе.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како тој да ги разгледува преземените мерки, ако не владее со клучот на нивната взаемна врска?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие се гледаа, но беше тешко да се препознаат затоа што тие се преправаа дека се исто така луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Како поданикот да го дознае мислењето на владата додека не дојде историјата?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Луѓето продолжуваа да ги разгледуваат недостатоците на кралската облека и грешките во нејзиниот крој, а кралот се шеташе меѓу нив и ги колнеше колку што можеше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во овие книги Фуко ги разгледува историските услови што резултираат од класификацијата на информациите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иследникот Едип-ефенди внимателно ги празгледува предметите најдени во куферот на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Богдан и Видуша кога ќе појдеа кај него, му бараа да ги разгледуваат сликите што ги имаше во голем број насобрани во неговото долгогодишно сликање и го молеа да им даде некои од сликите што не му требаа и што ги имаше во повеќе примероци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И ние, амбасадорите на неврзаните земји (Индија, Индонезија, Египет, Алжир и Југославија), се состанувавме еднаш во неделата, во различна амбасада за да ги разгледуваме актуелните политички и меѓународни прашања од областа на движењето на неврзаните, чија криза стануваше сѐ поочигледна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорите на Европската Унија, тогаш во помал број имаа свои облици на дејствување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се согласиме првин за десет. Секој да предложи по пет и утре ќе започнеме да ги разгледуваме. Се согласувам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега внимателно ги разгледуваше една по друга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека ги разгледуваше Татковите книги според наложениот распоред, Климент Камилски си замислуваше како тие си ги шепотат своите значења една на друга, воспоставувајќи мост помеѓу минатите и сегашните времиња, како облик на оживување во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На површината на твоите сиви ќелии започнуваат да се раѓаат еретички идеи и ти започнуваш да ги разгледуваш опциите за трансфер во некоја друга религија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Иако и овие трудови на Бауман предизвикаа значително интересирање на интелектуалната јавност, нивното влијание не може да се спореди со влијанието на Баумановите текстови настанати во доцните осумдесети кога тој почна да ги разгледува прашањата на модернитетот и постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од овој последен период значајни се неговите дела: Законодавци и интерпретатори (1987), Слобода (1988), Модернитетот и холокаустот (1989), Модернитет и амбиваленција (1991).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Документите што ги приложуваше пратеникот, полковниците си ги подаваа еден на друг и ги разгледуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XII Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа отпрвин ги разгледуваше сенките на ѕидовите, ги прелистуваше дебелите книги, ја отвораше виолинската футрола.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не тажеше поради тоа дека ѝ е одземена можноста да седи и да ги разгледува тие слики.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можам да ги рагледувам колку што ми е волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
III. Ги разгледував пожолтените фотографии од пред војната.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ги разгледувавме украсите за елка. Најмногу нѐ привлекуваше една оловна фигурка на ѓаволче што пред себе држи плетена корпа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понекогаш ќе се наведнеше и ќе подигнеше некој лист за да ги разгледува неговите жилички, под слабата светлина од ретките улични светилки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Имаш парченца стакло! Да не бувна случајно во некој излог? - Го ослободував добитокот - признав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Доаѓаш во никое време. - ми ги разгледуваше раните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ТЕОДОС: И плотот и... (Ги разгледува прачките на сцената.) Атер да не ти остане, Арсене, ами лозјето ич не ти чини. Батал!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Зрното, ситно, тврдо, змијско грозје, па кисело.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Влатко гледаше и слушаше со стишен тон, зошто тато Петре имаше распослано материјали и ги разгледуваше мошне внимателно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стево Андреевиќ нема време да ги разгледува и вашите случаи. Премногу е зафатен со својот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Татко ми на Конгрес, мајка ми да ги разгледува музеите во Каиро, а јас, јас се разбира, право на Нил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колкот веќе го болеше и стапалата му мрзнеа, ама тој од Туз-пазар, наместо да се управи кон мостот на Вардар, оној мост што ти имал четиринаесет сводови, а бил од вакуфијата на гази Иса-бег, појде да ги разгледува маалата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На чистинката меѓу грмушките непознатите седеа околу огнот и со внимание ги разгледуваа нашите велосипеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едниот ја вртеше низ раце мојата капа за сонце, а другиот си игрше со мојот тениски рекет и со топчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги разгледував можностите за плаќање, фантазирав како се запишувам на смерот за Меѓународно право и дипломатија, дури го имав заокружено на самата корица како божем утре ќе се запишувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)