Пензионираниот железничар мораше секогаш одново да ги проучува автобуските линии, што водеа до веќе новите гробишта.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сајм беше извадил една лента хартија на која беше испишана долга колона зборови и сега ги проучуваше со хемиско пенкало во раката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова, впрочем, го велат авторитетни турколози кои ги проучувале турцизмите во нашите јазици, а нив ги има многу на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првиот чекор што мора да се прифати, кон едно испитување на процесите на преведување, е дека иако јадрото на преведувањето е во лингвистичката активност, тоа посоодветно ѝ припаѓа на семиотиката, науката што ги проучува знаковните системи или структури, знаковните процеси и знаковните функции (Hawkes, Structuralism and Semiotics, London 1977).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Други од нас се во Грција и ги проучуваат грчките интереси и грчката историја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Поблиску до дома, хаосот ни помага да ги проучуваме збиените честици што ги фаќа магнетизмот на Земјата и чие ослободување во атмосферата ја предизвикува појавата на аурора.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)